Нетолеранција на глутен: 6 симптоми кои не смеете да ги игнорирате

Нетолеранцијата на глутен позната е уште како целијачна болест или целијакија, a денес претставува таков проблем на кој речиси никој не е имун. 

intolerancija-na-gluten-6-simptomi-koi-ne-smeete-da-gi-ignorirate-01.jpg

Со оглед на тоа како глутенот може да влијае на организмот и фактот дека може да доведе до голем број на сериозни здравствени компликации, важно е симптомите веднаш да ги препознаете и да реагирате на време.

Глутенот е дел од оние белковини кои се наоѓаат во житариците како: пченицата, ‘ржта, јачменот и овесот, но покрај житариците истиот можете да го сретнете и во поголемиот дел од производи како што се: тестенините, сосовите и додатоците за исхрана. Глутенот е присутен и во некои типови на кармини.

Нетолеранцијата на оваа материја претставува неможност на варење на глутенот. Целијакијата се проценува дека постои кај 9 од 10 луѓе без воопшто да бидат свесни за тоа.

Ова се симптомите на нетолеранција на глутен:

1. Груба кожа на надворешниот дел од надлактицата. Овој симптом се јавува поради недостатокот на фолна киселина и витамин А во организмот. Овој недостаток може да доведе до оштетување на цревата и лошо варење на мастите во организмот.

2. Појава на надуеност и чести промени на столицата.

3. Вртоглавици, замор и губење на мотивација без посебна причина кои се појавуваат веднаш по оброкот кој содржи глутен.

4. Хормонален дисбаланс како силни симптоми на ПМС.

5. Силни главоболки и чести мигрени.

6. Болки во зглобовите - посебно во прстите, колената и колковите.

Ако и кај вас постојат овие симптоми и сакате да испробате уште еден тест за тоа дали имате нетолеранција на глутен пробајте да јадете производи кои не содржат глутен. Житарки кои можете да ги консумирате во тој период се: хељда, просо, ориз, гиноа.

Можете да ја пробате и диетата на Новак Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Како се пренесува птичјиот грип и колку е опасен за луѓето? Птичјиот грип е болест која е присутна кај птиците, но може да се пренесе и на л...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Како најбрзо да ја излечите настинката (и што НЕ треба да правите)? Топлите течности, како чаеви и супи, можат да бидат од помош, но нема цврсти док...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg