Сте пробале да ставите цимет во кафето? Корисно е!
Циметот е евтин и има убав, сладок вкус. Постојат многу причини зошто треба да го консумирате секојдневно, а најдобро е да го пиете наутро, во утринското кафе.
Зошто?
1. Го зајакнува имунитетот
Доволна ви е четвртина лажичка цимет растворен во топло кафе за организмот да се избори со сите вируси и бактерии.
2. Ја стимулира работата на мозокот
Го подобрува помнењето, завршувањето на одредени задачи и ве држи будни и сконцентрирани подолго време.
3. Го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта
Редовната употреба на циметот може да ве спаси од шеќерот и холестеролот. Доволни ви се 6 грама дневно.
4. Ги намалува менструалните болки
Затоа, жените кои имаат болни циклуси треба почесто да додаваат цимет во пијалаците и јадењето.
5. Ја подобрува циркулацијата и го зголемува нивото на енергија
Топлиот пијалак, на пример кафето со четвртина лажичка цимет ќе ви ја врати енергијата и ќе ви ја поттикне циркулацијата. Посебно е корисно за луѓе кои имаат вечно ладни нозе и раце.
Циметот добро оди со секое кафе, капучино, турско или инстант, па дури и со чоколадното млеко, обичното или чајот.