Надминете ги: 3 причини заради кои жените најчесто не одат на гинеколог

Јасно ни е дека не е воопшто пријатно споделувањето на интимата со непознат, но токму заради површното гледање на работите, голем дел од жените во светот и кај нас се одлучуваат да го избегнат гинеколошкиот преглед.

nadminete-gi-3-pricini-zaradi-koi-zenite-najcesto-ne-odat-na-ginekolog-01.jpeg

Ова се 3-те главни виновници за тоа:

1. Страв

Лесно е да кажете дека треба да одите на преглед, но што ако нешто навистина не биде во ред? Па така повеќето жени се водат по правилото „ако не го знам проблемот, тогаш исто како да не постои.“ Така стигнуваат до гинеколог дури кога работите ќе се искомплицираат. Полипите, габичните инфекции и малигните израстоци преку ноќ може да создадат сериозен проблем, па затоа многу попаметно ви е на 6 месеци да одите на лекар. Така барем мирно ќе спиете.


2. Несигурност

Што ќе помисли кога ќе види дека не сум издепилирана? Треба ли да се избричам? Дали градите ми се нееднакви? Што ако непријатно мирисам? Несигурноста е нормално, но да ви олесниме - сеедно е. Гинекологот не ви ги гледа влакната, ниту разликата во градите. Ако мирисот ви е проблем - ставете миризлива дневна влошка. Се она што вие го гледате, тој нема ни да го забележи. Ниту сте прва, ниту последна која влегла во ординацијата со проблем.


3. Непријатност

Секоја жена има некој изговор кој и создава непријатност. Знаеме дека постојат гинеколози кои знаат да бидат груби или да имаат остар јазик. Затоа постои здружение за заштита на пациенти. Пожалете се и побарајте нов гинеколог кој ви одговара. Распрашајте се, соберете препораки и пронајдете некој кој е добар во својата работа. Едно лошо искуство не е изговор.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg