Што треба да јадете за да ја исфрлите вишокот вода од телото?
Чувството на тежина во рацете, нозете, зглобовите, подуеноста и заморот се први знаци дека во вашиот организам се задржуваат големи количини на вода.
Топлото време, работата која си бара долго стоење или седење во една позиција, како и лошата исхрана се главните причини за оваа појава.
Иако не ви звучи страшно, вишокот вода може да направи сериозни проблеми и пореметувања во телото.
Затоа, препорачливо е да консумирате диуретици кои ќе ви ги исчистат сите токсини, како и намирници богати со калиум.
Природни диуретици кои треба да ги консумирате почесто:
- Големи количини зелен чај
- Чаша сок од брусница
- 2 кафени лажички јаболков оцет помешани во чаша вода
- Семки од анасон
- Лубеници и краставици, заради големата количина на вода која ја стимулира работата на бубрезите
- Аспарагус
- Домати
- Ротквици
- Кромид
- Рен
- Кокосова вода
Намирници богати со калиум:
Овој вид на храна ги отпушта прекумерните течности, па затоа препорачливо е да консумирате банани, домати, јогурт, кајсии, јагоди и папаја.