Како изгледа девојката која јадела само по едно јаболко на ден? (фото)
Проблемите со анорексијата и булимијата се многу чести болести во денешно време, особено кај девојките. Целта да се има згодно, витко тело и споредбите со моделите од насловните страници ги доведуваат младите до изгладнување, а со тоа и многубројни здравствени проблеми.
19-годишната Британка, Бет Кован, на 16 години почнала да намалува со исхраната и секој ден да трча по еден час.
Кога почнала да се занимава со манекенство, јадела само по едно јаболко дневно. Претходно била одлична ученичка, но како почнала непрекинато да слабее и да не се храни доволно, веќе била толку слаба што не можела ниту сама да оди во училиште, а немала ниту доволно енергија и концентрација.
Во најкритичниот период имала само 40 kg со индекс на телесната маса од 13.2. Тогаш родителите ја однеле во болница каде била присилно хранета и под надзор на специјалист за нарушена исхрана.
По 3 години, денес Бет има нормални и здрави 52 килограми и пријавена е за да учествува на британскиот избор за мис.
Со својата приказна сака да ги предупреди девојките да не паднат во стапицата на анорексијата и булимијата.