Булимија - симптоми и превенција на модерната болест опасна по живот

Булимијата е сериозно нарушување на здравјето кое може да биде и опасно по живот. Луѓето со булимија имаат проблем со храната и чувствуваат вина дека консумирале повеќе отколку што треба, па често сакаат да ја исфрлат од себе.

bulimija-simptomi-i-prevencija-na-modernata-bolest-opasna-po-zivot-01

По неконтролираното јадење, луѓето со булимија се обидуваат на присилен начин со повраќање да ја исфрлат храната од себе.

На тој начин дури сметаат дека може да јадат што сакаат и колку сакаат, а повторно да можат да ослабат.

1. Карактеристики

Оние кои се булимични се плашат и се преокупирани со тежината и калориите. Чувствуваат како да немаат контрола над јадењето и јадат додека не почувствуваат болка во стомакот. Потоа добиваат нагон за повраќање и исфрлаат сè што изеле. Така се ослободуваат од грижата на совест. Тоа постепено им преминува во навика и го прават по секој оброк, па се доведуваат до фаза на депресија.

bulimija-simptomi-i-prevencija-na-modernata-bolest-opasna-po-zivot-2.jpg

2. Како да забележите дека некој има булимија?

Повеќето луѓе кои патат од булимија имаат нормална телесна тежина и на прв поглед тешко се забележува дека имаат здравствен проблем. За да се посомневате дека некоја личност има проблем со булимијата треба малку подобро да ја набљудувате.

Ако се работи за блиска личност внимавајте дали постојано зборува негативно за храната, дали е анксиозна и депресивна. Забележете дали по секој оброк трча во тоалетот и дали кога ќе се врати очите ѝ се крвави, образите подуени, а на прстите има рани од присилното повраќање. Забележете дали има променета боја на забите, која се случува поради честото повраќање и дали косата ѝ е опадната или истенчена. Булимичните личности често посегнуваат и по дрога и алкохол.

bulimija-simptomi-i-prevencija-na-modernata-bolest-opasna-po-zivot-1.jpg

3. Компликации

Како резултат на недостигот од хранливи материи за телото, луѓето кои страдаат од булимија се во опасност да си го комплицираат функционирањето на секој орган во телото. Дехидратацијата, хемороиди, студени раце и нозе, слаба циркулација, хормонално нарушување, нередовен менструален циклус кај жените се само дел од компликациите кои им се случуваат на булимичните луѓе.


4. Помогнете им

Ако некој ваш близок страда од булимија, пред да преземете чекор, прво бидете сигурни во тоа и посоветувајте се за стручна помош.

Бидете внимателни, бидејќи луѓето кои имаат проблем со булимијата се срамат од тоа што им се случува и го чуваат како тајна. Затоа, мора да бидете многу внимателни и да покажете вистинска грижа за да не ги вознемирите дополнително и да сакаат да ви се отворат целосно.

bulimija-simptomi-i-prevencija-na-modernata-bolest-opasna-po-zivot-4.jpg

5. Не ги обвинувајте и не ги осудувајте

Оние кои страдаат од булимија веќе доволно чувствуваат вина и срам, па не треба дополнително да им отежнувате. Наместо да ги обвинувате, обидете се да им помогнете, да разговарате со нив и да направите сè што е неопходно.


6. Бидете добар пример

Ако покажете како правилно се храните и вежбате, како се чувствувате, колку сте енергични, тоа може да биде добар пример кој булимичната личност ќе сака да го следи и нема да ѝ биде тешко ако има постојано друштво за мотивација.

bulimija-simptomi-i-prevencija-na-modernata-bolest-opasna-po-zivot-7.jpg

7. Побарајте професионална помош

Покрај вашата добра волја за помош, сепак, во покомплицирани случаи треба да се посоветувате и со стручно лице, доктор кој ќе ви ги даде правилните насоки или лекарства доколку е потребно. Понекогаш булимијата мора и медицински да се лекува со третмани, зависно од фазата на развој.

bulimija-simptomi-i-prevencija-na-modernata-bolest-opasna-po-zivot-5.jpg

8. Имајте трпение

Понекогаш колку и да сакате да помогнете, колку и да сте загрижени, особено ако се работи за ваше дете или најдобри пријатели, мора да знаете дека потребно е големо трпение. Булимијата не се решава за 1 недела или месец. Потребно е подолго време за да се соочи личноста со проблемот, да почне да го решава и да биде сигурна дека е доволно силна да не си го дозволи истото повторно. За тоа треба да имате многу разбирање и трпение.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg