Галамата штетна за срцето
Секојдневната изложеност на врева и високи тонови може сериозно да го загрози вашето здравје, посебно срцето. Професорот Динеш Кумар...
...од австралискиот кралски институт во Мелбурн, го проучувал дејството на гласната музика и промените на телото.
Во истражувањето учествувале 20 испитаници кои биле изложени на различни типови на врева, поточно мешање на звукови кои не можат да се идентификуваат.
Нивната јачина била помеѓу 60 и 95 децибели. Кај сите испитаницисе забележани промени во работата на срцето. Срцевиот ритам станал неправилен и некохерентен.
Експериментот покажал дека долготрајното изложување дури и на умерена врева го има истиот ефект на здравјето како и многу погласна врева.
Деталите од ова истражување ќе бидат преставени наредната година на конференција во Бразил.