Дознајте колку долго треба да спиете, според годините
Во најновиот проект на Американската Национална фондација за спиење се вклучени 12 медицински стручњаци кои детално ги истражуваа препораките од типот „колку часа сон ви се потребни за добро функционирање?“
Во истражувањето учествувале лица од различни возрасти, од новороденчиња до стари и изнемоштени лица.
Пронајдете во која група спаѓате и откријте колку часа треба да преспиете вечер, а колку вашите дечиња:
Бебиња до 3 месеци: 14 - 17 часа
Од 4 до 11 месеци: 12 - 15 часа
Од 1 до 2 години: 11 - 14 часа
Од 3 до 5 години: 10 - 13 часа
Од 6 до 13 години: 9 - 11 часа
Од 14 до 17 години: 8 - 10 часа
Од 18 до 25 години: 7 - 9 часа
Од 26 до 64 години: 7 - 9 часа
Постари од 65 години: 7 - 8 часа
Колку часа спиете вие?