23 правила за здрав живот
Во здраво тело, здрав дух како што веќе знаете, но за да се одржува тој здрав дух не само што треба да се храните правилно и да бидете физички активни, туку потребно е да го храните и негувате и вашиот мозок и енергија постојано.
Ова се 23 правила кои ќе ви помогнат да го направите тоа, запишете ги и присетувајте се на нив секој ден.
- Пијте помалку газирани сокови и кафе, а повеќе вода.
- Пијте помалку алкохол, а повеќе чај.
- Јадете помалку шеќер, но повеќе овошје.
- Јадете помалку месо, а повеќе зеленчук.
- Возете помалку автомобил, но движете се повеќе пешки.
- Помалку грижете се, но повеќе спијте.
- Помалку лутете се, но повеќе радувајте се и смејте се.
- Помалку лажете, повеќе кажувајте ја вистината.
- Помалку излегувајте, повеќе време поминувајте сами и осознајте се.
- Помалку озборувајте, повеќе читајте книги.
- Помалку користете технологија за поврзување со блиските, повеќе користете човечки збор во лице и допир со рака.
- Помалку зборувајте, повеќе слушајте.
- Помалку кажувајте, повеќе докажувајте.
- Помалку повредувајте, повеќе трудете се да направите некого среќен.
- Помалку солзи, повеќе насмевки.
- Помалку депресија, повеќе надеж.
- Помалку размислувајте, повеќе реагирајте на време.
- Не живеете за да преживеете, живеете за да кажете на крај дека сте живееле навистина.
- Помалку откажувајте се од работите, повеќе мотивирајте се себеси да ги остварите!
- Пред да направите некого среќен, бидете среќни!
- Слушајте ги советите кои што им ги делите на останатите.
- Сакајте, но не очекувајте ништо за возврат!
- Слушајте го срцето, тоа никогаш нема да ве излаже!