Ако ја консумирате оваа храна, секогаш ќе имате сјајни очи
Многу од модерните навики се штетни за долгорочното здравје на очите, но оваа храна ќе им обезбеди здрав сјај на очите засекогаш.
Најголемите непријатели на вашиот вид се неквалитетната исхрана, загадениот воздух, читањето под слаба светлина и долгите часови поминати пред компјутер.
Кај очите често се јавуваат проблеми како уморни очи, замаглен вид, сувост и треперење на очите, а за да ги спречите овие последици, најдобро е да ја консумирате оваа храна:
1. Трн
Трнот е прекрасна медитеранска билка и главно се користи за лекување на акутните и хроничните заболувања на црниот дроб. Но, важно е да се знае дека доброто здравје на црниот дроб, директно се поврзува со здравјето на очите.
2. Боровинки
Боровинката е благотворна за нашиот организам, а со оглед на фактот дека на нашиот вид му е потребен виолетовиот пигмент, истиот ќе го најдеме во боровинката. Уште во текот на Втората светска војна, британските војски јаделе џем од боровинки за подобро да гледаат во текот на ноќта.
3. Морков
Морковот се користи при проблеми поврзани со слаб вид, диоптрија, па дури и кај проблеми со катаракта. Пијте два пати дневно, наутро и навечер, една чаша свеж сок од морков.
4. Жолчка од јајце
Жолчката од јајце содржи аминокиселини и витамини кои се важни за хранење на нашите очи. Па практикувајте почеста исхрана со јајца.
5. Магнезиум сулфат
Стопен во вода, се користи како купка за опуштање, но она што е помалку познато е дека со таа купка можете да ги миете очите 2 пати дневно. Магнезиумот сулфат помага при сувост во очите.
6. Шафран
Шафранот може да достигне огромна цена, во зависност од квалитетот, а тој се користи за терапии и научниците сметаат дека е одличен за зачувување на видот. Може да се набави во билните аптеки како додаток во исхраната во облик на капсула или во прав.