Погледнете се во огледало и од лицето прочитајте колку сте здрави

Методата која се нарекува мапирање на лицето со векови се користела како начин за дијагностицирањето во Кина и Индија.

poglednete-se-vo-ogledalo-i-od-liceto-procitajte-kolku-ste-zdravi-01

Сите симптоми на кожата, како акни, осип, црвенило, хиперпигментација или брчките се поврзани со одредени делови на телото и помагаат да се открие причината за нивната појава.

Доколку ги забележите во некоја од овие зони, откријте на кои здравствени проблеми ви укажуваат:

poglednete-se-vo-ogledalo-i-od-liceto-procitajte-kolku-ste-zdravi-1.jpg

Зона 1 и 2: Систем за варење

Избегнувајте преработени производи и наместо нив одлучете се за свежи и природни алтернативи. Јадете бавно, џвакајте ја храната и зголемете го внесувањето хранливи влакна. Не заборавајте да пиете повеќе вода.

Зона 3: Црн дроб

Намалете со алкохолот, мрсната храна и внесувањето млечни производи, сето она што создава притисок на црниот дроб. Ова е зона на лицето на која се покажува алергијата од храна. Пијте доволно вода за да се исчисти организмот од токсини и спијте доволно, а црниот дроб ќе го направи останатото.

Зона 4 и 5: бубрези

Сите појави околу очите укажуваат на дехидратација, а решението е пиење повеќе вода.

Зона 6: Срце

Укажува на хипертензија и дефицит на витаминот Б, проверете го притисокот и надополнете го недостатокот на витамини.

Обидете се да избегнете премногу зачинета храна и да го намалите внесувањето на месо. Намалете го нивото на холестерол така што лошите масти ќе ги замените со добри, кои се наоѓаат во оревите, авокадото, рибата и лененото семе. Поминете повеќе време на свеж воздух.

Зона 7 и 8

Укажува на проблеми со бубрезите и дехидратацијата, затоа намалете го внесувањето на алкохол и кафе, бидејќи тие доведуваат до дехидратација.

Зона 9 и 10: Респираторен систем

Оваа област е поврзана со белите дробови. Избегнувајте премногу топли простории, јадете храна која има ефект на ладење. Листата со забранети јадења содржи: месо, млечни производи, алкохол, кофеин и шеќер, а се препорачува зелен зеленчук.

Зона 11 и 12: Хормони

Ова е подрачјето кое е поврзано со стресот и хормонските промени. Обезбедете му на вашето тело доволно сон, пијте доволно вода, јадете зелена салата и одржувајте ја својата кожа беспрекорно чиста. Промената ан овој дел на лицето се јавува и во периодот на овулација.

Зона 13: Стомак

Зголемете го внесувањето хранливи влакна и пијте билни чаеви кои го олеснуваат варењето.

Зона 14: Болест

Промената во оваа област се јавува како знак на болест, затоа одморајте, пијте вода, најдете начин да се опуштите и наспиете. Дозволете му на своето тело да ја врати енергијата и виталност.

Следен пат кога ќе забележите подуеност, сувост или темни кругови околу очите, имаат ја на ум оваа мапа, бидејќи вашата кожа се обидува да комуницира со вас и да ви открие некои проблеми на внатрешните органи.

Меѓутоа, за останатите медицински прашања, секогаш е најдобро да отидете кај доктор кој ќе ви ја постави правилната дијагноза.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Од тагата страдаат белите дробови, од стравот бубрезите – Како емоциите влијаат врз органите во тело... Според традиционалната кинеска медицина емоциите се длабоко поврзани со здравјет...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg