3 намирници кои го хидрираат телото подобро од чаша вода
Хидратацијата е секогаш важна, посебно во лето. Факт е дека водата е најдобриот пијалак за таа намена, но сепак постојат неколку намирници кои може да ја заменат.
Со помош на овие 3 плодови, одржете ја рамнотежата на електролити и овозможете го правилното функционирање на организмот:
Краставица
Содржи висок процент на вода и витамин Ц. 100g краставица содржи само 16 калории, што ја прави идеален избор во жешките летни денови.
Домат
Доматот содржи многу вода и влакна. Доматот исто така е одличен извор на антиоксиданси кои ќе ви помогнат во смирување на оштетената кожа од сончевите UV зраци.
Тиквици
Тиквиците се составени од 95% вода и е еден од најдобрите плодови кои можете да ги консумирате во лето. Тиквиците содржат мал број на калории, многу диетални влакна и се одличен извор на фолна киселина, витамин А и Ц.