Менструација на одмор: Како да не ви го попречи летувањето?

Иако се работи за природна појава која не можете да ја спречите, менструацијата знае да биде прилично непријатна кога ќе се погоди на летувањето.

menstruacija-na-odmor-kako-da-ne-vi-go-popreci-letuvanjeto-01.jpg

Освен нервозата и болните грчеви, одморот може да ви го попречат и секојдневните грижи кои ви поминуваат низ глава.

Дали е препорачливо да се бањате во тој период?

Пливањето не е никаков проблем, ако морето е пријатно и ако се почитуваат одредени правила. Температурата на водата не смее да биде студена, а за време на бањањето важно е да се грижите за хигиената.

Како да користите тампони?

Пред влегување во вода ставете чист тампон, а штом излезете на суво, повторно променете го. Задолжително пресоблечете го мокриот костим за капење и грижете за чистотата на рацете.

Сончање

Сончањето само по себе нема никакво штетно влијание на циклусот, но сепак би требало да бидете внимателни заради здравјето на кожата. Заштитните фактори се задолжителни, исто како и шеширите. Со почитување на правилото да не се изложувате на сонце од 11 до 16 часот, шансите за несакани појави се сведуваат на минимум.

Што ако менструацијата задоцни?

Често пати промената на дневната рутина може да влијае на траењето на менструалниот циклус. Исто така, стресот, патот и промената на климата може да доведе до порано доаѓање на менструацијата или пак нејзино прескокнување.

Како да ги ублажите симптомите на ПМС?

Изложувањето на дневно светло и пријатно сонце може да ги ублажи симптомите, исто како и исфрлањето на кофеинот, газираните пијалаци и чоколадото од исхраната. Доколку поминувате низ оваа фаза за време на одморот, воздржете се и од млечните производи кои можете да ги замените со оризови или соини производи.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg