Женско здравје: 3 превентивни чекори за здрава интимна зона додека летувате

Дозволете си целосно опуштање за време на летниот одмор така што ќе се ослободите од грижите за интимното здравје, бактериите и инфекциите.

zensko-zdravje-3-preventivni-cekori-za-zdrava-intimna-zona-dodeka-letuvate-01.jpg

Инфекциите и бактериите се размножуваат во влажни средини, а затоа што сè почесто ќе бидете во мокар костим за капење, добро би било да преземете неколку превентивни чекори.

Спакувајте ја омилената заштита

Зависно од тоа дали користите пилули или презервативи, задолжително понесете ги, дури и да не очекувате акција. Ќе се заштитите од несигурните производи кои ви се нудат во земјата во која престојувате, како и од незаштитениот секс кој е сигурен пат до инфекции и преносливи болести.

Задолжително меморирајте го бројот на вашиот гинеколог

Ако забележите симптоми за уринарна инфекција или било какво непријатно чувство, ова ќе ви ги олесни сите сомнежи. Докторот само може да ви даде совет или терапија за побрзо лечење.

Понесете крема против габични инфекции

Излежувањето во мокар костим за капење ја зголемува шансата за нивно размножување, па затоа со вас понесете крема која се продава без рецепт. Ако почувствувате било каква промена и непријатно чувство веднаш нанесете ја кремата. Воздржете се од секс 1 ден, облечете сув костим за капење и подготвени сте за безгрижно разладување.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg