Кој е за чоколадо секој ден?
Во Англија се бараат доброволци, подготвени за секојдневно да јадат чоколадо. Научниците бараат неколку десетици лица кои имаат желба да...
...учествуваат во истражувањето за бенефициите од црната чоколада.
Предност имаат женските кандидатки, а целта на истражувањето е да се утврди дали темната чоколада навистина го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Докторите кажуваат дека чоколадата богата со флавоноиди - супстанца која се наоѓа во какаото и сојата, ги намалува шансите за срцеви болести.
За потребите на истражувањето ангажиран е белгиски произведувач на чоколади, а посебните коцки на чоколадо кои ќе бидат консумирани, ќе имаат "богат и горчлив вкус".