Сѐ повеќе познати дами не носат градник: Кои се предностите на овој тренд, според докторка?

Сè повеќе жени, особено познатите, одлучуваат да не носат градник кога излегуваат од дома. Повеќето велат дека градникот им е непријатен за носење, а некои веруваат и дека има некои придобивки од овој тренд. Кои се придобивките, а кои недостатоците од неносењето градник, според докторка од Англија?

s-povekje-poznati-dami-ne-nosat-gradnik-koi-se-prednostite-na-ovoj-trend-spored-doktorka-01.jpg

Трендот да се излегува од дома без градник е сѐ попопуларен изминативе години.

Падот на популарноста на градниците во последните години е многу евидентен. А, пандемијата и работењето од дома имаaт голем удел во тоа.

Не е ни чудо што голем број познати дами, меѓу кои Џенифер Анистон, Ријана, Флоренс Пју и Џилијан Андерсон, со задоволство го прифаќаат овој тренд, особено кога станува збор за црвениот тепих.

se-povekje-poznati-dami-go-prifakjaat-ovoj-trend-doktorka-otkriva-shto-se-sluchuva-so-teloto-koga-ne-nosite-gradnik-02_copy.jpgфото: Инстаграм

Многу од жените велат дека градникот всушност им е непријатен, што е една од причините зошто не сакаат да го носат.

Сепак, лекарите истакнуваат дека придобивките од неносењето градник може да варираат.

„Ефектите од неносење градник се разликуваат од човек до човек, во зависност од неколку фактори како што се големината на градите, еластичноста на ткивото и индивидуалната удобност“, вели д-р Чандни Рајани за Daily Mail.

se-povekje-poznati-dami-go-prifakjaat-ovoj-trend-doktorka-otkriva-shto-se-sluchuva-so-teloto-koga-ne-nosite-gradnik-03.jpgфото: Инстаграм

Носењето градник понекогаш може да предизвика непријатности, иритација и притисок врз рамената и градниот кош.

„Неносењето градник може да поттикне подобра циркулација, а се намалува и ризикот од кожни болести“, вели докторката.

Сепак, на многумина не им се допаѓа тоа што неносењето градник може да влијае врз опуштеноста на градите.

„Иако постојат ограничени научни докази кои го поврзуваат користењето на градниците со опуштените гради, некои тврдат дека природната поддршка што ја даваат градниците може да помогне во одржувањето на цврстината на градите со текот на времето“, нагласува Рајани.

;

Неносењето градник може да резултира со зголемена активност на градите и потенцијално да предизвика истегнување на потпорните лигаменти и ткива. 

Некои доктори, пак, тврдат дека мускулите под градите ќе се зајакнат ако не носите градник.

se-povekje-poznati-dami-go-prifakjaat-ovoj-trend-doktorka-otkriva-shto-se-sluchuva-so-teloto-koga-ne-nosite-gradnik-01.jpg

Рајани посочува дека не постои правилна или погрешна одлука, таа се разликува од човек до човек.

„На крајот на краиштата, одлуката да се носи градник или не, зависи од начинот на живот и личните преференци.

Важно е да се најде рамнотежа која промовира и физичка, и емоционална благосостојба“, вели докторката.

se-povekje-poznati-dami-go-prifakjaat-ovoj-trend-doktorka-otkriva-shto-se-sluchuva-so-teloto-koga-ne-nosite-gradnik-04.jpgфото: Инстаграм

Оваа тема стана доста актуелна во 2012 година кога се откри дека Фејсбук и Инстаграм ги цензурираат женските брадавици, но не и машките.

Анкетата на YouGov во 2021 година покажа дека една третина од жените во Велика Британија престанале да носат градници за време на месеците на пандемијата. 

Видеата на ТикТок, со хаштаг #NoBra (без градник) собраа 399,4 милиони прегледи, а оние со хаштаг #NoBraClub имаат 102 милиони и бројот и понатаму расте.

Во меѓувреме, Ким Кардашијан го прифати трендот и лансираше градник кој има вградени брадавици од пена и кој чини 64 долари, а веднаш се распродаде.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
8 причини зошто би можеле да имате болка во брадавиците Многу често брадавиците знаат да болат од триење при носење несоодветен градник ...
7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Рефлукс - што го предизвикува и како да го контролирате? Доколку чувствувате печење веднаш под градите и киселини повеќепати неделно, вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg