8 најздрави зимски намирници
За подобро здравје во студените денови, исхраната е клучен фактор. Со разновидни намирници на организмот му овозможувате повеќе витамини кои го зајакнуваат имунитетот, се борите против грип и настинки, а воедно и се чувствувате свежо и здраво.
Ова се топ 8те намирници кои треба да ги вметнете во исхраната уште денес:
Јаболка - одличен избор на диетални влакна и витамин Ц и содржат мало количество на масти, холестерол и сол.
Брусница - содржат малку масти, холестерол и соли, а се богати со витамин Е, К и Ц и голмо количество манган.
Киви - исто како и јаболката и брусницата има мало количество на масти, а одличен извор на диетални влакна. Кивите се богати и со витамин А, Ц и К, калиум и бакар.
Калинка - богата е со диетални влакна и фолна киселина, како и со витамини Ц и К. Ако не сте нејзин љубител заради потешкотиите при лупењето, овој трик ќе ја поедностави работата и ќе ви го сочува здравјето.
Брокула - одличен извор на протеини, витамин Е, калциум, железо, магнезиум, фосфор, селен, витамини А, Ц, К, Б6, фолна киселина, манган и калиум. Повеќе од доволно!
Зелка - содржи ниско ниво на холестерол и масти, а е добар извор на тиамин, калциум, железо, магнезиум и калиум. Одлична е ако сакате да ги задоволите максималните потреби за витамин Ц, диетални влакна, фолна киселина и манган.
Морков - супер извор на тиамин, витамин Б6, фолна киселина и витамини А, Ц и К. Најдобро е ако го консумирате свеж, во салати.
Карфиол - одличен е ако сакате да ги задоволите потребите за протеини, магнезиум и фосфор. Покрај тоа, богат е и со витамини Ц, К и Б6.