Дишете додека куцате на тастатура?
Луѓето кои често куцаат на тастатура стануваат толку преокупирани со зборовите што престануваат да дишат, покажало најновото истражување на британски научници.
Занесеноста и преокупираноста во пишувањето доведува до проширени зеници, немирни нозе, прекумерно потење и забрзано чукање на срцето.
Она што следи, ако таа личност често куца е хроничен замор, суво грло, слаба меморија, пад на концентрацијата, главоболка, раздразливост, депресија, па дури и импотенција.
Некои дури веруваат дека дебелите луѓе , се склони на дијабетис поради држењето на здивот и недоволната активност преку целиот ден, наведува британски весник и советува дека решението е правилно дишење во текот на куцањето.
Оваа состојба е забележана кај 80 проценти од луѓето и претставува навика која луѓето со текот на времето ја здобиле. Тоа е затоа што поради куцањето, посебно на некој посложен текст, неправилно и нерамномерно дишат, а тоа лошо се одразува на здравјето.