Правила на исхрана за време на постите
Почнува времето на постите и ќе трае во наредните 6 недели, сè до Божиќ. За сите оние кои планираат да се придржуваат до постите, режимот на исхрана се менува од основата. Токму затоа, ви помагаме како да избалансирате помеѓу потребите и постите.
1. Денот треба да ви започне со појадок и задолжително треба да го предвидите времето за следните 2 дневни оброци.
2. Важно е секојдневно да јадете свежи овошје и зеленчук, но и свежо цедени сокови.
3. Задолжително еднаш во денот јадете зелена салата или кисел зеленчук, како и динстан зеленчук.
4. Секој ден внесувајте оброк од мешунки (грашок, грав, леблебија, боранија, печурки) кои имаат низок гликемиски индек, а ви овозможува доволно енергија.
5. Секојдневно внесувајте по најмалку 2 литра вода или чај.
6. Една чаша вино или било каков друг алкохол е сосема доволна, ако сакате да ги запазите дозволените дози, а сепак да уживате на посните слави.
* Важно е да јадете здрави грицки и намирници на секои 2 часа, за да го избегнете проблемот со варење, промената на расположение или апетит, кои многу често се појавуваат на самиот почеток на постот.