Брза диета со лубеница
Лубениците се одлични за слабеење бидејќи содржат 90 проценти вода, а освен што ќе внесете големо количество вода, тие се богати со витамини и минерали. Затоа, ништо нема да ви недостасува ако се придржувате на оваа нискокалорична лубеница диета.
Внатрешноста на лубеницата не содржи холестерол и речиси нема маснотии. Содржи многу калиум и витамини А, Ц и Б6. Богата е и со ликопен, за кои истражувањата покажале дека е најсилен атиоксиданс.
Слаткиот вкус и ниската вредност на калории се одлична алтернатива за секој можен десерт, како и за дневната потреба на вода во организмот.
5 дневната диета лубеница се одвива на овој начин:
Појадокот е секое утро ист: Една резенка лубеница, 50g леб и шолја чај.
Секој ден пијте по 12 чаши течности. Тука спаѓаат чаевите, свежо цедените сокови, како и водата.
1 ден
- Ручек: 100g варено говедско, 100g варен ориз со сос од домати, кришка лубеница.
- Вечера: 50g сирење, парче леб, лубеница по желба
2 ден
- Ручек: Леб, 50g варени пилешки гради, 1 кришка лубеница
- Вечера: 100g варена риба, парче леб, 1 кришка лубеница
3 ден
- Ручек: 30g шпагети со сирење и домати, лубеница по желба
- Вечера: Мешана салата од домати, краставици, пиперки, кромид, зелена салата и лубеница
4 ден
- Ручек: Чинија супа од зеленчук, парче леб, 50g варено пилешко месо, 1 кришка лубеница
- Вечера: 2 варени компири со пармезан, лубеница по желба
5 ден
- Ручек: 50g варено говедско месо со шампињони, лубеница по желба
- Вечера: 50g свежи сирење, 2 парчиња леб, лубеница по желба