Супер вежби за секси нозе

Ако сакате да го намалите обемот на колковитеи  бутовите задолжително е да правите соодветни вежби за овој предел. Вежбање најмалку три пати неделно, во комбинација со кардио тренинг и соодветна исхрана е совршената комбинација.

super-vezbi-za-seksi-noze-01

Испробајте ги овие вежби кои ќе ви помогнат да го постигнете тоа што го сакате, а од опрема потребни ви се исклучиво тегови.

Чучњеви за рамнотежа

Застанете исправено, со малку пораширени нозе од линијата на колковите. Спуштете се со клекнување, задржувајќи ги рамениците исправено, а рацете испружете ги и допрете го подот. Обидете се да останете исправени и префрлете ја целата тежина на десната нога, додека внимателно го кревате левото колено. Со левата рака задржете се за левиот глужд, за полесно да издржите 2 секунди и вратете се во првобитната положба. Вежбата повторете ја 20 пати, со секоја нога.

Движење на страна

Станува збор за голем исчекор, со кој се затегнуваат страничните мускули, колковите и задникот. Застанете исправено и нозете раширете ги малку повеќе од линијата на колковите со рацете зад глава. Десната нога прекрстете ја зад левата и спуштете се во положба на чучнување. Десната рака исто така спуштете ја до подот, а потоа исправете се во почетната положба. Вежбата повторете ја со другата нога, се додека не направите 20 повторувања.

Мртво подигнување

Застанете со нозете раширени малку повеќе од линијата на колковите и малку свиткајте ги колената. Земете ги теговите во вашите раце исправете ги пред вас со дланките свртени навнатре. Направете движење нанапред и со теговите допрете ја земјата така што ќе бидете во позиција вашиот грб да е паралелен со земјата. Концентрирајте се на затегнување на мускулите при подигање на телото. Тоа е едно повторување, а ваша цел е да направите 20.

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
3 едноставни вежби за лимфна дренажа Вежбите за лимфна дренажа можат да помогнат во намалување на отоците кои настану...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg