5 причини зошто да јадете вишни
Сезоната на вишни започна, па редно е да дознаеме нешто повеќе за корисните својства на ова овошје, заради кои треба да го јадеме и внесуваме во големи количини.
Вишните се исклучително здраво овошје. Нивната примена е разновидна, па би можеле од нив да направите компот, џем, да ги ставате во колачи или да ги јадете свежи.
Иако малку се зборува за вишната, таа му помага на телото да се одбрани од многу болести. Еве неколку здрави причини заради кои вишната треба да се најде на вашето мени ова лето.
Ја олеснува болката во зглобовите
Вишните заради својата силна боја се богати со антиоксиданси кои можеме да ги сретнеме и во виното и грозјето, а нивна улога е да ги неутрализираат ензимите кои предизвикуваат процеси на воспаленија во организмот и помагаат во олеснување на болките во мускулите и зглобовите.
Го чуваат дебелото црево
Ова моќно овошје е богато со анти канцерогени елементи и според некои истражувања вишните превентивно делуваат на настанување на тумор во дебелото црево.
Го подобруваат видот
Киселите вишни содржат дури 19 пати повеќе бета – каротен отколку што е пронајден во боровинките, а витаминот А само потпомага да си го сочуваме добриот вид.
Го контролира холестеролот
Вишните се многу богати со пектином –влакна кои превентивно делуваат против болестите на срцето, крвните садови и регулирање на холестеролот во крвта.
Подобрување на сонот
Вишните заедно со кајсиите, сливите и праските, се овошје со најмногу мелотонин – природен хормон кој го регулира спиењето.