Како да ја „залажете“ гладта?

Трпите заради диета? Или едноставно сте гладни, а сметате дека не би требало да бидете? Обидете се со следниве трикови да го „залажете“ желудникот и да ја намалите претераната желба за храна.

kako-da-ja-zalazete-gladta

Пијте вода

Понекогаш сме жедни кога мислиме дека сме гладни. А, доколку тоа не е така, водата сепак дава чувство на ситост. Пијте околу 2 литри вода дневно, надвор од оброците.

Јадете храна богата со влакна

Агруми, јаболки, компири, моркови, мешунки, интегрални житарки – заситуваат.

Мали оброци

Гладта можете да ја залажете и со чести, но помали оброци кои не’ дебелеат. Грицкајте морков и целер, направете овошна салата, пијте јогурт.

Јадете интегрални намирници

Интегрален леб, житарки – тие не предизвикуваат претерано лачење на инсулинот како едноставни јаглехидрати (шеќери), а даваат долготрајно чувство на ситост и задоволство.

Помалку сол

Користете ароматични тревки наместо сол.

Консумирајте супа

Оброкот започнете го со густа супа од зеленчук. Содржи вода и влакна, па дава чувство на ситост. Најпрепорачлива е супата од домати.

Јадете полека

За да нашиот мозок заклучи дека сме сити, потребни се 20 минути. Затоа, јадете полека, уживајте во храната, добро изџвакајте го својот оброк.

Внимавајте на своите потреби за витамини и минерали

Понекогаш недостигот на некој витамин може да биде причина за желба за некоја храна. На пример, недостиг на витамин Б може да резултира со желба за слатки и скроб.

Шетање/ движење

Кога ќе ви се пријаде, отидете на прошетка. Или провозете се со велосипед.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg