Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Косата го открива вашето здравје

Проблемите со исхрана, како и прекумерниот стрес влијаат на здравјето и го одредуваат вашиот тип на коса.

kosata-go-otkriva-vaseto-zdravje-01

Ако имате проблем со опаѓање на косата или пак со тенки, кршливи влакна, сигурно постои силна, издржана причина за тоа.

Ова се најчестите здравствени проблеми кои косата ви ги открива.

Претерано опаѓање на косата

Жената во просек губи по околу 100 влакна коса, а претераното опаѓање може да биде знак за пореметување на хормоните. Затоа пред да решите да ја негувате со скапи препарати, проверете каква е вашата хормонална рамнотежа.

Тенки и слаби влакна

Ако вашите влакна одеднаш ослабеа и станаа кршливи, тоа може да е знак дека имате проблеми со штитната жлезда која е пресудна за здрава коса. Производството на хормони од оваа жлезда мора да го регулирате, па затоа секогаш консултирајте се со стручно лице.

Коса која паѓа во прамени

По малку страшна појава, која никој не може да ја игнорира, а која најчесто настанува заради одредена болест или промена во имунолошкиот систем. Исто така овој вид на губење на влакна од косата е показател дека имате стресен период, кој морате да го ублажите. Во овој случај пробајте да се релаксирате со некој спорт или растегнување како што е јогата. Ќе бидете зачудени колку тоа влијае на вашето здравје и вашата убавина.

Прерано побелување на косата

Поради недостаток на витамините Б12 и Б9, како и фолната киселина, има шанси да ви се појават бели влакна порано од очекуваното. Докажано е дека Б витамините помагаат за пигментацијата. Затоа внесете многу риба, јајца и млеко во вашата исхрана, додека за лиснатиот зеленчук и житариците ќе ви помогнат за да го зголемите количеството на фолна киселина.

Суво теме и проблеми со првут

Покрај проблемите со осетливата кожа, првутот е знак дека сте изложени на преголем стрес. Пробајте да се релаксирате и да внесувате поголемо количество на омега 3 масни киселини кои по кратко време ќе го ублажат овој проблем.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи ако секоја вечер спиете помалку од 7 часа? Дебелеење, но и проблеми со кожата, како акни и црвенило – со што сè ќе се соочи...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Дали вегетаријанскиот начин на исхрана е безбеден за деца (и како да го примените)? Ако од кои било причини одлучите вашето дете да следи вегетаријански начин на ис...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg