Најчести симптоми (и причини) за ниско ниво на прогестерон
Проблеми со процесот на овулација
Прогестеронот главно се лачи од јајниците, и тоа од жлезда која се активира по овулација.
Па, ако не овулирате, нема да се излачи и прогестерон и моно е да чувствувате симптоми.
Синдром на полицистични јајници
Синдромот на полицистични јајници може да има влијание врз овулацијата, а со тоа и врз лачењето на прогестеронот.
Проблеми со тироидната жлезда
Тироидната жлезда има огромно влијание врз целокупната хормонална рамнотежа.
Па, ако имате проблеми со неа, можно е да се соочите и со ниско ниво на прогестерон.
Стрес
Хроничниот стрес предизвикува зголемено лачење на хормонот кортизол.
Кортизолот, пак, им влијание врз лачењето на прогестеронот.
Оттука, штом се соочувате со хроничен стрес, можно е да чувствувате симптоми на ниско ниво на прогестерон.
Менопауза или перименопауза
Кога овулацијата станува нередовна или целосно прекинува, се менува и нивото на прогестерон во организмот.
Лоша исхрана и лош начин на живот
Ако јадете само нездрава храна и не сте физички активни, го загрозувате целото здравје, вклучително и процесот на лачење прогестерон.
Спирова С. | Црнобело