Избелување на забите, детоксикација - Дали навистина има придобивки од активниот јаглен?

Активниот јаглен има способност да ги „зароби“ токсините во дигестивниот систем, но истражувањата за неговата ефикасност се ретки и релативно стари. Па, не очекувајте да направи чудо за вашето здравје, а пред да почнете да го користите, консултирајте се со лекар.

izbelguvanje-na-zabite-detoksikacija-dali-navistina-ima-pridobivki-od-aktivniot-jaglen-01.jpg

Многумина го сметаат активниот јаглен за добар додаток во исхраната со бројни здравствени придобивки.

Во медицината, некогаш се користи во итни случаи, како труење или предозирање со лекови, додека некои го користат како средство за детоксикација на организмот.

Ако и вие користите активен јаглен или планирате да го вметнете во исхраната, препорачливо е најпрво да се консултирате со лекар.

izbelguvanje-na-zabite-detoksikacija-dali-navistina-ima-pridobivki-od-aktivniot-jaglen-04.JPG

Притоа, добро е да ги знаете и следниве факти:

Што е активен јаглен и како функционира?

Активниот јаглен е всушност јаглен кој е преработен со кислород на висока температура.

Со оваа преработка се менува неговата внатрешна структура и неговиот ефект врз организмот.

Има црна боја и се продава како прав, но и во форма на таблети или капсули. Денес се наоѓаат и храна и продукти за хигиена и убавина со активен јаглен.

Важно е да се нагласи дека постои разлика помеѓу обичниот и активниот јаглен – обичниот не е преработен и може да биде токсичен за луѓето.

Поради третирањето со кислород на високи температури, во структурата на активниот јаглен се создаваат микроскопски дупчиња.

Исто така, тој има негативен електричен полнеж, па поради структурата и ова, ги апсорбира молекулите со позитивен полнеж, како токсини и гасови.

Активниот јаглен не се апсорбира во организмот, туку се исфрла преку дигестивниот систем, заедно со токсините што се заробени во него.

izbelguvanje-na-zabite-detoksikacija-dali-navistina-ima-pridobivki-od-aktivniot-jaglen-06.JPG

Кои се придобивките од користењето активен јаглен?

Поради својството што го опишавме погоре, постои верување дека активниот јаглен е одличен за детоксикација на организмот.

Сепак, истражувањата за овие придобивки се ограничени, но и стари, што значи можно е и да не се целосно релевантни.

Во медицината, активниот јаглен се користи за третирање труење или предозирање. Но, за ваквите ситуации важно е да биде даден од медицинско лице, а не на своја рака.

Обично се користи за предозирање од лекови како аспирин, но и седативи.

izbelguvanje-na-zabite-detoksikacija-dali-navistina-ima-pridobivki-od-aktivniot-jaglen-05.JPG

Неко истражувања покажуват дека активниот јаглен може да ја подобри функцијата на бубрезите, особено кај луѓе со хроничен проблем со овие органи.

Други постари истражувања покажуваат дека во некои случаи, активниот јаглен може да биде и добар за висок холестерол.

Активниот јаглен можеби нема да го намали холестеролот, но има способност да го апсорбира од стомакот и со тоа да го спречи неговото акумулирање во организмот.

Сепак, потребни се дополнителни истражувања за овие ефекти и активниот јаглен не треба да се користи како лек за висок холестерол, туку во овој случај треба да ги слушате препораките на вашиот лекар.

Помали истражувања имаат покажано дека активниот јаглен можеби ги намалува гасовите, а помага и при дијареја.

Пости верување дека ги избелува и забите, но засега нема студија што го потврдува ова.

Исто така, нема докази дека активниот јаглен е добар за кожата или дека помага при мамурлак.

izbelguvanje-na-zabite-detoksikacija-dali-navistina-ima-pridobivki-od-aktivniot-jaglen-03.JPG

Дали активниот јаглен е безбеден?

Иако активниот јаглен е главно безбеден, треба да имате предвид некои работи.

Ако пиете некакви лекови, активниот јаглен може да влијае врз нивната апсорпција.

Во многу ретки случаи, активниот јаглен може да предизвика несакани ефекти, како констипација.

Ако сакате да го пробате како третман за убавина, низ продавниците можете да најдете бројни продукти со активен јаглен.

Ако сакате да го пробате како додаток во исхраната, добро би било најпрво да се консултирате со лекар.

izbelguvanje-na-zabite-detoksikacija-dali-navistina-ima-pridobivki-od-aktivniot-jaglen-7.JPG

Исто така, кога го користите како суплемент, секогаш следете го упатството за употреба и немојте да претерувате со дозата.

Како што спомнавме и претходно, во случај на труење или предозирање со лекови, никако немојте на своја рака да користите активен јаглен.

Во ваквите ситуации постои опасност активниот јаглен да заврши во белите дробови, особено ако личноста повраќа или е во полусвесна состојба.

izbelguvanje-na-zabite-detoksikacija-dali-navistina-ima-pridobivki-od-aktivniot-jaglen-02.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои мажите не треба да ги кријат Прекумерното потење, но и еректилната дисфункција можат да бидат знак за проблем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg