Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Болести кои ги пренесуваат комарците - колку се опасни и кои симптоми не треба да ги игнорирате?

Жолта треска

Жолтата треска комарците ја пренесуваат од човек на човек.

Овој вирус го има во тропските области на Африка и Централна и Јужна Америка. 

Периодот на инкубација, односно од инфицирањето до појавата на првите симптоми е 3 до 6 дена, а поминуваат за 3 до 4 дена. 

Симптомите на жолта треска вклучуваат:

  • треска;
  • главоболка;
  • жолтица (пожолтување на кожата и белките на очите);
  • болки во мускулите;
  • гадење;
  • повраќање;
  • замор.

Во рок од 24 часа по закрепнувањето од почетните симптоми, мал процент од пациентите влегуваат во втората, потоксична фаза.

Во втората фаза пациентите добваат силна абдомална болка и крварење од устата и носот.

Половина од пациентите кои влегуваат во токсичната фаза умираат во рок од 7 до 10 дена. 

Жолтата треска успешно се спречува со вакцина. Една доза од вакцината против Жолта треска обезбедува доживотна заштита.

bolesti-koi-gi-prenesuvaat-komarcite-kolku-se-opasni-i-koi-simptomi-ne-treba-da-gi-ignorirate-10.jpg

Зика вирусна инфекција

Зика вирусната инфеција ја пренесуваат тигрестите комарци, кои се активни и преку ден.

Овој вирус главно го има во Африка и мал процент во Азија.

60 до 80 проценти од заразените луѓе не развиваат симптоми, а ако се појават симптоми тие се генерално благи и обично траат 2 до 7 дена.

Симптомите на Зика вирусната инфекција вклучуваат:

  • треска;
  • осип;
  • конјунктивитис;
  • болка во мускулите и зглобовите;
  • малаксаност;
  • главоболка.

Лекувањето е симптоматско и се состои од внеесување на течности и употреба на лекови за намалување на температурата, намалување на болката и ублажување на чешањето доколку се појави осип. 

bolesti-koi-gi-prenesuvaat-komarcite-kolku-se-opasni-i-koi-simptomi-ne-treba-da-gi-ignorirate-09.jpg

Чикунгуња

Чикунгуња треската е широко распространета во Африка, Југоисточна и Јужна Азија. 

Се пренесува преку комарци, најчесто Aedes aegypti и Aedes albopictus, односно тигрест комарец.

Симптомите на треската Чикунгуња вклучуваат:

  • висока температура;
  • главоболка;
  • болки во мускулите;
  • силна болка во зглобовите.

Во отсуство на значителна болка во зглобовите, симптомите кај заразените лица обично се благи и инфекцијата може да остане непрепознаена.

Во моментов не постои вакцина против вирусот чикунгања. 

Со оглед на тоа што сè уште нема специфична терапија за треската Чикунгуња, пациентите се третираат симптоматски.

bolesti-koi-gi-prenesuvaat-komarcite-kolku-se-opasni-i-koi-simptomi-ne-treba-da-gi-ignorirate-11.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Pexels, Pixabay, Freepik



Би можело да ве интересира:

Беснило и уште 4 болести кои можат да предизвикаат многу болна смрт Смртноста од беснило е особена висока – речиси 100% штом ќе се појават симптомит...
8 причини за болка во градите кои не се ПМС Покрај хормоналните промени за време на ПМС, и други фактори можат да предизвика...
„По 20 години болни менструации од кои губев свест, ми дијагностицираа ендометриоза“ Млада Британка две децении имала обилни и толку болни менструации, што некогаш г...
Проблеми со стомакот кои можат да бидат знак за некое заболување Силната и нагла болка во долниот десен дел од стомакот може да биде знак за восп...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg