Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фиброаденоми (чворови на дојката) - како настануваат и како се лекуваат?

Оваа грутка на градите може да порасне и до 10 сантиметри и да предизвика компликации. Доолку почувствувате топче при допир на градите, задолжително посетете лекар.

fibroadenomi-chvorovi-na-dojkata-kako-nastanuvaat-i-kako-se-lekuvaat-01.jpg

Фиброаденом е неканцероген (доброчуден / бениген) тумор на дојка, кој најчесто се јавува кај адолесцентките и девојките и жените под 30-годишна возраст. 

Фиброаденом најчесто се опишува како чвор на дојката.  

Не предизвикува болка, но неговата големина може да варира и да предизвика непријатност под кожата.

Овој тумор се зголемува за време на менструалниот циклус и за време на бременоста, што е последица на хормонските активности во телото.

Може да порасне од 1 до 10 сантиметри и најчесто е во облик на топче.

fibroadenomi-chvorovi-na-dojkata-kako-nastanuvaat-i-kako-se-lekuvaat-04.jpg

Кога треба да посетите лекар?

Ако почувствувате грутка на градите која почнува да се зголемува, задолжително посетете доктор.

Иако фиброаденомот не е опасен, состојбата мора редовно да се следи.

Исто така, треба да посетите лекар ако се појавила нова грутка која ви изгледа поинаку или е придружена со различни симптоми - на пример, исцедок од брадавицата, може да укажува на рак на дојка.

fibroadenomi-chvorovi-na-dojkata-kako-nastanuvaat-i-kako-se-lekuvaat-10.jpg

Компликации кај фиброаденом

Иако овие тумори не влијат врз појавата на рак на дојка, ризикот може да се зголеми ако имате комплексен фиброаденом кој содржи абнормални цисти или густи акумулации на соли на калциум - калцификати.

Доколку планирате бременост, се препорачува да го отстраните фиброаденомот бидејќи може да расте за време на бременоста под стимулација на хормони.

Покрај зголемувањето во текот на бременоста, фиброаденомот се зголемува и за време на доењето.

Доколку фиброаденомот е поголем, може да ги блокира млечните канали и потоа да настанат дополнителни компликации.

fibroadenomi-chvorovi-na-dojkata-kako-nastanuvaat-i-kako-se-lekuvaat-08.jpg

Дијагноза

Дијагнозата се поставува врз основа на анамнеза, клиничка слика, ултразвук и патохистолошки наоди.

fibroadenomi-chvorovi-na-dojkata-kako-nastanuvaat-i-kako-se-lekuvaat-06.jpg

Лекување

Лекувањето е хируршко. Кај жените до 25 години, ако туморот е до 1 сантиметар не се предлага операција.

Промената се следи на 3 месеци. Некогаш се случува и спонтано да исчезне.

Фиброаденомите кои се многу големи или брзо растат, мора хируршки да се отстранат.

Сепак, лекар-специјалист најдобро ќе ја процени вашата состојба и начинот на третирање, па задолжително направете преглед доколку забележите нешто невообичаено. 

fibroadenomi-chvorovi-na-dojkata-kako-nastanuvaat-i-kako-se-lekuvaat-07.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Pexels

Би можело да ве интересира:

Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Промена во големината на градите и уште 3 симптоми на менопауза за кои ретко се зборува Поради намаленото ниво на естроген, некои жени забележуваат дека во менопауза им...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
8 причини за болка во градите кои не се ПМС Покрај хормоналните промени за време на ПМС, и други фактори можат да предизвика...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg