Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање?
Лосос
Лососот е богат со омега-3 масни киселини и има антивоспалителни својства, а ова може да ја намали болката од воспалението.
Покрај тоа, има и протеини кои им годат на мускулите.
Сок од вишна
Истражувањата покажале дека сокот од вишна помага во намалувањето на болката во мускулите, а притоа го забрзува и закрепнувањето.
Истовремено, го подобрува и квалитетот на сонот, што е клучно за закрепнување.
Ф’стаци
Ф’стаците ги имаат сите клучни аминокиселини кои се неопходни за мускулите.
Тие имаат и состојка која може да ја намали болката.
Кафе
Пиењето кафе по вежбање може да го намали интензитетот на болката.
Истовремено, ако го комбинирате со храна богата со јаглехидрати, ќе ви помогне побрзо да си ја вратите енергијата.
Спанаќ
Изгледа Попај не залудно постојано јадел спанаќ.
Овој зеленчук има многу магнезиум кој ја намалува болката и го забрзува воспалувањето.
Сок од цвекло
Покрај тоа што ја намалува болката, сокот од цвекло може и да ви го подобри перформансот.
Спирова С. | Црнобело