Вие прашувате, психолог одговара: „Сестра ми почина, како да разговарам со внукот на оваа тема?“

На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.

Прашањата за психолозите може да ни ги испраќате на нашиот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. – истите треба да бидат концизни и со кирилична поддршка.

vie-prashuvate-psiholog-odgovara-sestra-mi-pochina-kako-da-razgovaram-so-vnukot-na-ovaa-tema-01.jpg

Прашање од читател:

„Сестра ми почина пред 10 дена, како да разговарам со внукот на оваа тема? Како да се соопшти смрт во семејството на мали деца? Како да се справиме со истото понатаму во животот?“

Одговор од психолог, Катерина Крстевска Ристески:

Смртта е тема со која сите се соочуваме во одреден период од животот. Не е лесно да се соопшти ваква вест дури и на возрасен, уште потешко е кога се работи за дете и кога и самите поминуваме низ процесот на тагување.

Во зависност од возраста, можете да побарате некоја приказна, анимиран или игран филм за деца кои ја обработува оваа тема, a потоа да разговарате за тоа што се случува во приказната/филмот.

Обидете се да најдете заедничка врска со вашата ситуација. Прашајте го детето кои чувства се јавуваат кај него, препознајте ги и дајте ми важност. Кажете му дека е во ред да го чувствува тоа што го чувствува.

Поддржете го искажувањето на емоции без разлика за која емоција се работи. Споделете со него како вие се чувствувате и поминете низ процесот заедно.

Во вакви ситуации секогаш е добро да посетите психолог кој ќе ви помогне и ќе ве води низ целиот процес.

Консултирајте се со стручниот тим во градинка и побарајте нивна помош и поддршка во целиот процес.

Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Катерина Крстевска Ристески, дипл. психолог ТУКА.

Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: приватна архива / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg