Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга?

Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Како да ги отстраните паразитите на шуга од вашиот тепих, мебел и облека?

shuga-dali-moze-da-ja-dobiete-na-bazen-ili-od-nekoe-zivotno-soveti-kako-da-ja-dezinficirate-oblekata-na-zarazeniot-01.jpg

Мислевте дека шугата кај луѓето е болест која е искоренета? Грешите. 

Исто така, претходно постоеше верување дека шугата напаѓа само луѓе со понизок социо-економски статус, луѓе кои не се грижат за својата хигиена или кои се промискуитетни.

Сепак, појавата на шуга кај луѓето нема никаква врска со овие фактори, особено не денес. 

Чешањето предизвикано од шуга е резултат на алергиската реакција на вашето тело на паразити, нивните јајца и измет.

Секој може да добие шуга, вклучувајќи ги и лекарите, медицинските сестри, наставниците, малите деца и постарите лица. 

Имањето шуга не е знак дека некој е валкан, невнимателен или промискуитетен.

shuga-dali-moze-da-ja-dobiete-na-bazen-ili-od-nekoe-zivotno-soveti-kako-da-ja-dezinficirate-oblekata-na-zarazeniot-07.jpg

Кои се симптомите на шуга?

Ако станува збор за личност која никогаш немала шуга, симптомите почнуваат да се јавуваат неколку недели по заразата. Доколку личноста претходно ја имала болеста, симптомите можат да се појават и по само неколку дена.

Дел од симптомите вклучуваат:

- чешање, кое често е многу интензивно и обично се влошува навечер и кога е топло

- осип на кожата (изгледа слично на егзема)

- плуски на кожата (црвени или кафеави),

- тенки и неправилни линии на кожата кои се како тунели низ кои се движат паразитите

shuga-dali-moze-da-ja-dobiete-na-bazen-ili-od-nekoe-zivotno-soveti-kako-da-ja-dezinficirate-oblekata-na-zarazeniot-06.jpg

Кој е изложен на поголем ризик од зараза?

Секој може да се зарази со шуга, но постојат некои фактори што го зголемуваат ризикот:

- луѓе кои имаат повеќе сексуални партнери

- секој кој живее или работи со поголем број луѓе во мал простор

- пациенти и здравствени работници во болници и старечки домови

- ученици, наставници и други работници чија работа е да се грижат за другите

- луѓе кои живеат или работат во институции или затвори

shuga-dali-moze-da-ja-dobiete-na-bazen-ili-od-nekoe-zivotno-soveti-kako-da-ja-dezinficirate-oblekata-na-zarazeniot-04.jpg

Може ли да е добие шуга од куче или мачка?

Краткиот одговор е - не.

Животните не можат да пренесат шуга што ги „напаѓа“ луѓето. 

Кучињата и мачките можат да се заразат од друг вид шуга, која не може да преживее или да се размножува на луѓето.

shuga-dali-moze-da-ja-dobiete-na-bazen-ili-od-nekoe-zivotno-soveti-kako-da-ja-dezinficirate-oblekata-na-zarazeniot-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg