Чести симптоми на АДХД – Како да познаете дали вашето дете го има нарушувањето?
Детето покажува хиперфокус за некои работи
Иако еден од симптомите на АДХД е проблем со концентрацијата, децата со нарушувањето некогаш се хиперфоксуирани на некоја активност.
Односно, можат со часови да се фокусирани на само една задача и целосно да се исклучат од нивното опкружување.
Овој хиперфокус обично се јавува кога прават нешто што им е навистина интересно.
Детето често е анксиозно и депресивно и покажува слаб успех на училиште
Анализа на истражувања од 2017 година покажала дека менталните нарушувања и проблемите со учењето се почести кај децата со АДХД.
Па, ако детето често ви изгледа дека е под стрес или покажува знаци на депресија, можно е да го има нарушувањето.
Истото важи и ако покажува мошне слаб успех на училиште и тешко му е да учи.
Има проблеми со концентрација
На некои деца со АДХД им е особено тешко да се фокусираат на една работа, а и тешко им е да следат инструкции.
Неретко забораваат или губат предмети, изгледаат неорганизирано и тешко им е да завршат некои обврски, како да напишат домашна.
Детето е импулсивно
Во некои случаи, еден од симптомите на АДХД е и импулсивното однесување.
Односно, детето не размислува пред да направи нешто, тешко му е да седи на едно место, тешко му е да се контролира…
Можно е да биде и хиперактивно, да зборува многу брзо и слично.
Спирова С. | Црнобело