Чести симптоми на АДХД – Како да познаете дали вашето дете го има нарушувањето?
Проблеми со концентрацијата, но и таканаречен хиперфокус – кои се најчестите знаци за АДХД кај децата?
Дефицит на внимание и хиперактивност, попознато АДХД, е нарушување кои се карактеризира со проблеми со концентрацијата, импулсивно однесување и хиперактивност.
Неретко, нарушувањето се дијагностицира во детството.
Бидејќи нарушувањето може да има лошо влијание врз многу аспекти од животот, важно е родителите да обрнуваат внимание на однесувањето на нивните деца и да се консултираат со експерт доколку забележуваат симптоми.
Дел од најчестите проблеми што може да ги предизвика нарушувањето (подоцна во животот) доколку не се третира:
- Слаб успех на училиште
- Финансиски проблеми
- Проблеми со зависности
- Нестабилни врски
- Влошено ментално здравје
- Ниска самодоверба
Постојат неколку видови АДХД и симптомите варираат во зависност од тоа.
Ако сте родител и забележувате симптоми кај вашето дете, не смеете сами да го дијагностицирате, туку треба да се консултирате со експерт кој ќе утврди дали станува збор за АДХД, но и ќе му ја даде соодветната терапија на вашето дете.
Кои се најчестите симптоми на АДХД кај деца?
Некој од родителите има(л) АДХД
Анализа на истражувања објавена во Journal of Abnormal Child Psychology покажува дека околу третина од децата со АДХД имаат барем еден родител со нарушувањето.
Засега нема генетски тест со кој може да се утврди дали нарушувањето е наследено, но на психолозите и психијатрите им е од помош кога ја знаат семејната историја на болести.
Детето често има тантруми
Тантрумите се нормална појава кај децата. Но, кај оние со АДХД можат да бидат почести и поинтензивни.
Постојат неколку знаци кои укажуваат дека тантрумите се предизвикани од АДХД:
- Се случуваат често, над петпати дневно
- Детето има над 5 години, а уште има тантруми
- Епизодите траат подолго од 15 минути
- Детето покажува агресија, како уништување предмети во домот, па и агресија кон други лица
- Загрижени сте за безбедноста на детето кога има тантрум
Детето често мечтае
Луѓето со АДХД, вклучувајќи ги децата, почесто мечтаат и „се губат“ во нивните мисли за разлика од оние кои го немаат нарушувањето.
Важно е да знаете дека мечтаењето е нормална појава – и кај децата, и кај возрасните.
Но, кај лицата со АДХД ова мечтаење е поразлично. Кај нив, мечтаењето е поспонтано и изгледа како сосема случајно да им „залутале“ мислите, а обично не можат да го контролираат ова.