5 симптоми за нетолеранција на глутен кои не треба да ги игнорирате

Болки во зглобовите

Ова е симптом кој генерално се јавува кај возрасните.

Целијакијата може да предизвика и остеопороза, но и намалување на цврстината на коските.

5-simptomi-za-netolerancija-na-gluten-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-05.jpg

Дерматит

Веројатно веќе ви е јасно дека симптомите не се фокусирани само на дигестивниот систем.

Целијакијата може да предизвика и дерматит, односно вид осип кој се јавува на лактите, колената, задникот, грбот или скалпот.

5-simptomi-za-netolerancija-na-gluten-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-06.jpg

Други симптоми

Целијакијата може да предизвика и друга низа симптоми, вклучувајќи замор, трнење во екстремитетите, главоболки…

Што значи, доколку се чувствувате лошо по јадење храна со глутен, најдобро е да одите на лекар.

5-simptomi-za-netolerancija-na-gluten-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-07.jpg

Која храна содржи глутен?

Глутенот „се крие“ во многу намирници. Генерално, ова се продукти кои содржат брашно.

Но, глутенот може да биде состојка и во инстант супи, преработени месни продукти, чипс, помфрит, преливи за салати…

Затоа, доколку имате целијакија, добро истражете што можете да јадете, а кога купувате преработена храна, осигурете се дека на амбалажата е истакнато дека нема глутен (gluten free).

5-simptomi-za-netolerancija-na-gluten-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg