5 симптоми за нетолеранција на глутен кои не треба да ги игнорирате

Повраќање, подуеност, но и болки во зглобовите – кои се симптомите на целијакија што не би требало да ги игнорирате? Целијакијата е автоимуна болест поради која телото не го поднесува глутенот, односно може да предизвика штета.

5-simptomi-za-netolerancija-na-gluten-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-01.jpg

Иако изминативе неколку години стана тренд да се избегнува глутенот, воопшто нема потреба да го правите ова, освен ако немате целијакија.

Целијакијата е автоимуна болест поради која телото не го поднесува глутенот, односно може да предизвика штета.

Што значи, целијакијата претставува нетолеранција на глутен.

Постои и чувствителност на глутен која може да предизвика слични симптоми како целијакијата. Разликата е во тоа што кај лицата кои се само чувствителни на глутен, не се јавува оштетување на органите, односно тенкото црево.

Ако се сомневате дека имате целијакија, консултирајте се со лекар пред да правите промени во исхраната.

Но, истовремено, добро би било да знаете на кои симптоми треба да обрнете внимание:

Повраќање и дијареја

Симптомите кај секоја личност со целијакија можат да варираат, но се чини дека повраќањето и дијарејата се едни од најчестите.

Ако ги чувствувате овие симптоми откако ќе изедете храна со глутен, консултирајте се со лекар.

5-simptomi-za-netolerancija-na-gluten-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-02.jpg

Подуеност, гасови и болка во стомакот

Ова е уште еден чест симптом кој се јавува и кај возрасни, и кај деца. Болката во стомакот генерално е посилна.

Кај мали деца, може да се забележи и значителна подуеност на стомакот.

Покрај овие симптоми, можно е да се појави и констипација.

5-simptomi-za-netolerancija-na-gluten-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-03.jpg

Необјасниво слабеење

Збирот на сите други симптоми, како честото повраќање, може да предизвика и слабеење.

Ако изгубите многу тежина без да направите промени во секојдневието и без да се обидувате, консултирајте се со лекар.

5-simptomi-za-netolerancija-na-gluten-koi-ne-treba-da-gi-ignorirate-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg