7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате

Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилуваат, некогаш можат да бидат симптом за рак на кожата.

7-pomalku-ochigledni-simptomi-za-rak-na-kozhata-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-01.jpg

Ракот на кожата претставува абнормален раст на кожните клетки. Обично се појавува на делови од кожата кои се често изложени на сонце, но може да се јави и на други места.

Постојат неколку видови рак на кожата и болеста се третира од зависност на типот.

Постојат и разни причини за појава на рак на кожата, а најдобриот начин да си го намалите ризикот од неговата појава е соодветно да ја заштитувате кожата од сончева светлина.

Односно, не престојувајте долги периоди на сонце, особено кога УВ зрачењето е силно, и задолжително нанесувајте крем со висок заштитен фактор дури и кога облачно.

7-pomalku-ochigledni-simptomi-za-rak-na-kozhata-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-02.jpg

Кои се помалку очигледни симптоми на рак на кожата?

Обично ракот на кожа е придружен со видливи симптоми како необични промени на кожата, но и бенки со чудна форма.

Но, постојат и симптоми кои не се многу очигледни, а можат да се јават доколку ракот почне да се проширува.

Важно е да знаете само затоа што некогаш ќе почувствувате некој од следниве симптоми, не мора да значи дека сигурно имате рак на кожата.

Но, доколку симптомите траат подолго време или ви изгледа како да се влошуваат, препорачливо е да се консултирате со лекар.

Чешање

Чешањето е еден од можните симптоми на рак на кожата.

Ако подолг период чувствувате чешање на едно место, без притоа никаква причина (како убод од инсект или алергија), добро би било да не го игнорирате.

7-pomalku-ochigledni-simptomi-za-rak-na-kozhata-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-03.jpg

Испакнатини

Друг можен симптом се мали испакнатини под кожата.

Немојте да ги игнорирате ни испакнатите и отоците во областа на вратот и пазувите каде што се наоѓаат лимфните жлезди.

7-pomalku-ochigledni-simptomi-za-rak-na-kozhata-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-04.jpg

Болка во зглобовите

Необјаснивата болка во зглобовите може да биде уште еден знак.

Некогаш ракот се проширува и на коските, па може да предизвика болка.

Доколку немате здравствени проблеми или повреда, а чувствувате постојана болка во зглобовите, консултирајте се со лекар.

7-pomalku-ochigledni-simptomi-za-rak-na-kozhata-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-05.jpg

Трнење

Ракот може да се прошири и на нервите, па да почне да предизвикува трнење на екстремитетите.

Повременото трнење може да се јави од разни причини, но ако трае долго или се засилува, не го игнорирајте.

7-pomalku-ochigledni-simptomi-za-rak-na-kozhata-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-06.jpg

Болки во стомакот

Некогаш и болките во стомакот без навидум нeкаква причина може да се знак дека ракот се проширил.

7-pomalku-ochigledni-simptomi-za-rak-na-kozhata-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-07.jpg

Тешкотии со дишењето

Кај некои лица можат да се јават и симптоми како задушување, постојана кашлица и отежнато дишење и голтање.

7-pomalku-ochigledni-simptomi-za-rak-na-kozhata-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-08.jpg

Проблеми со видот

Ако ракот е во близина на очите, може да предизвика и проблеми со видот, како замаглување.

7-pomalku-ochigledni-simptomi-za-rak-na-kozhata-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-09.jpg

Што да правите ако забележите симптом?

Уште еднаш нагласуваме дека сите овие симптоми можат да бидат предизвикани од бројни други работи, вклучувајќи и здравствени проблеми кои не се опасни по здравјето.

Односно, ако, на пример, ве боли стомакот 2-3 дена и не знаете зошто, не мора да паничите дека имате рак или друга сериозна болест.

Но, доколку траат долго, доколку се влошуваат или доколку чувствувате комбинација од повеќе симптоми, секогаш е добро да се консултирате со лекар.

7-pomalku-ochigledni-simptomi-za-rak-na-kozhata-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg