Испукани капилари на лицето: Сѐ што треба да знаете и како да ги третирате
Испуканите капилари на лицето не се ретка појава, но бидејќи не изгледаат најдобро, веројатно ве интересира дали и како можете да се ослободите од нив.
Крвните садови под кожата може да започнат да се зголемуваат, создавајќи светлоцрвени линии во некои области на лицето, што резултира со појава на таканаречени испукани капилари. Капиларите на лицето обично се јавуваат околу усните, очите, носот и образите.
За време на бременоста се зголемуваат шансите за појава на испукани капилари бидејќи фетусот врши поголем притисок врз крвните садови.
Хормоналната терапија и земањето апчиња за контрацепција, исто така, може да предизвика капилари на лицето. За појавата на овие капилари има и бројни причини кои вклучуваат еколошки и генетски фактори, тип кожа, па дури и природно стареење.
Се смета дека примарните причини се стареењето и оштетувањето од сонцето што предизвикува кожата да стане потенка и да го изгуби колагенот. Иако точната причина зад оваа состојба не е јасна, олеснување е што капиларите се третираат.
Освен тоа, оваа состојба може да биде наследна. Се нарекува наследнахеморагична телангиектазија (HHT). Се претстпоавува дека пет гени го предизвикуваат овој проблем, а само три од пет може да се идентификуваат.
Само 1% од луѓето ја наследуваат оваа состојба.
Испуканите капиларите се лесно видливи на кожата, а симптомите вклучуваат:
- Фини линии налик на конец
- Мрежа од црвени линии слична на пајажина
- Може да биде црвеникава, виолетова или синкава
- Може да предизвика чешање и болка
- Должина помеѓу 1-3 милиметри
Важно: Ако ги имате овие симптоми, избегнувајте топли бањи и не поминувајте многу време на сонце или во сауна бидејќи ова може да доведе до проширување на капиларите.
Како да ги третирате?
Консултирате со лекар за да дознаете кој метод на лекување е погоден за вас. Во продолжение, неколку опции:
Ретиноиди
Ретиноидите се користат за лекување на многу кожни проблеми и може да ја намалат видливоста на капиларите. Сепак, бидете внимателни бидејќи ретиноидите може да предизвикаат црвенило и чешање. Ако забележите некоја ваква реакција, веднаш престанете да ги користите.
Избегнувајте миење на лицето со топла или жешка вода
Топлата вода може дополнително да ги оштети вашите крвни садови.
Масажа со алое вера
Алое верата има смирувачки ефекти на кожата. Иако можеби нема да помогне при испукани капилари, може да помогне во смирување на други проблеми со кожата, како што е розацеа и намалување на црвенилото. Ако вашите испукани капилари се резултат на розацеа, гелот од алое вера може да помогне.
Намалете ја изложеноста на сонце
Избегнувајте изложување на вашата кожа на штетните УВ зраци за време на најтоплите часови во денот. Секогаш користете добар заштитен фактор за сончање.
Користете ладни облоги
Без разлика дали ќеса замрзнат грашок или мраз, ова може да обезбеди големо олеснување. Веднаш по изложувањето на сонце, нанесете ладна облога за да спречите појава на испукани капилари.
Само, немојте никако да нанесувате мраз директно на кожата - прво ставете го во крпа или некаква ткаенина.
Бидете умерни со алкохолот
Пијте умерено. Консултирајте се со лекар и прашајте дали е во ред ако пиете умерено или треба целосно да се откажете.
M. Г. | Црнобело