6 предупредувачки знаци од вашето тело што не треба да ги игнорирате

Нередовната менструација може да биде знак за полицистични јајници, додека акните кај возрасните можат да бидат предизвикани од хормонални промени.

6-predupreduvachki-znaci-od-vasheto-telo-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-01.jpg

Малите проблеми со здравјето, како настинка и повремена главоболка, не треба да нè загрижуваат.

Нo, доколку почнат да се појавуваат многу често или ако симптомите стануваат поизразени, добро е да се консултирате со лекар.

6 предупредувачки знаци од вашето тело:

Нередовна менструација

Во просек, менструалниот циклус трае 28 дена, но сосема нормално е да трае неколку денови пократко или подолго.

Во пубертетските години, пак, сосема нормално е и менструацијата да биде нередовна.

Сепак, доколу забележите дека менструацијата ви доцни или подранува неколку месеци по ред, препорачливо е да се консултирате со гинеколог.

Важно е да знаете дека нередовната менструација не мора да значи и проблем, но не губите ништо ако одите на преглед.

Некои од најчестите причини за нередовна менструација се нагло слабеење или дебелеење, изложеност на многу стрес, проблеми со тироидната жлезда и синдром на полицистични јајници.

6-predupreduvachki-znaci-od-vasheto-telo-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-02.jpg

Главоболки

Главоболката е честа појава со која се соочиле многу луѓе.

Во повеќето случаи, главоболките не се предизвикани од сериозен проблем, туку од фактори како настинка, алкохол, замор, дехидратација и слично.

Но, ако одеднаш почувствувате многу силна главоболка која е придружена и со други симптоми, како треска, гадење и слично, веднаш одете на лекар.

Дури и ако станува збор за поблага главоболка, одете на лекар доколку се јавува многу често, не можете да ја намалите со лекови за болка или ви пречи во извршувањето на секојдневните обврски.

6-predupreduvachki-znaci-od-vasheto-telo-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-03.jpg

Акни кај возрасни

За жал, акните можат да се појават и подоцна во животот, а не само во тинејџерските години.

Ако сте имале чиста кожа и одеднаш ви се појавиле акни, добро би било да се консултирате со дерматолог.

Постојат многу причини за појава на акни кај возрасни, вклучувајќи продукти за нега на кожа и начин на исхрана.

Но, во некои случаи, акните можат да бидат резултат на хормонална нерамнотежа, синдром на полицистични јајници и слични проблеми со женското здравје.

6-predupreduvachki-znaci-od-vasheto-telo-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-04.jpg

Честа појава на уринарни инфекции

Инфекциите на уринарниот тракт не се воопшто пријатни, но во повеќето случаи не треба да ве загрижуваат.

Сепак, ако се појавуваат многу често, добро би било да одите на лекар.

Кај жените, овие инфекции најчесто се предизвикани од бактеријата ешерихија коли.

Оваа бактерија живее во цревниот систем, но преку ректумот, може да заврши во вагината, а оттаму во уринарниот тракт.

6-predupreduvachki-znaci-od-vasheto-telo-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-05.jpg

Болка во забите кога пиете нешто студено или топло

Оваа болка обично настанува кога емајлот – заштитниот слој на забот – е ослабен.

Кога овој слој е оштетен, топлите и ладните пијалаци ги стимулираат нервите на забот и предизвикуваат болка.

Постојат неколку причини за оштетување на емајлот, вклучувајќи кариес, скршен заб, триење на забите, проблеми со непцето, инфекција на забот и слично.

Ако забележите и најмала болка кога пиете нешто студено или топло, веднаш одете на заболекар.

6-predupreduvachki-znaci-od-vasheto-telo-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-06.jpg

Задебелување на ноктите на стапалата

Задебелените нокти не само што не изгледаат добро, туку можат да предизвикаат и непријатни симптоми, како болка.

Оваа појава може да биде честа кај постарите лица, но ако сте млади и ја забележите, подобро одете на лекар.

Задебелувањето на ноктите најчесто е предизвикано од габична инфекција за која ќе ви треба третман од професионалец.

Постојат и други здравствени проблеми поврзани со ноктите, па консултирајте се со лекар ако забележите промени на нив.

6-predupreduvachki-znaci-od-vasheto-telo-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Три симптоми за време на менструација кои не треба да ги игнорирате, според докторка „Ако имате вртоглавица за време на менструација, можно е да губите многу крв и б...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg