Женски водич: Што е колаген и дали треба да користите серуми и суплементи?
Без разлика дали се кремови, серуми или додатоци во исхраната, овие продукти ветуваат дека ја подобруваат еластичноста на кожата и го забавуваат стареењето. Колку се ефикасни и дали треба да ги користите, плус што дополнително треба да избегнувате и правите за поубава и младешка кожа?
Веројатно сте забележале дека продуктите со колаген стануваат многу популарни.
Без разлика дали се кремови, серуми или додатоци во исхраната, овие продукти ветуваат дека ја подобруваат еластичноста на кожата и го забавуваат стареењето.
Па, што точно е колагенот и дали навистина ја подмладува кожата?
Што е колаген и зошто му е потребен на телото?
Колагенот е вид протеин кој е најзастапен во нашето тело. Тој е важен дел од сврзните ткива на телото и, едноставно кажано, ги држи клетките споени.
Постојат околу 28 вида колаген и сите имаат различна структура, но се со генерално слична задача во нашиот организам.
Оптималното ниво на колагенот е важно за здравјето на зглобовите, здравјето на бубрезите и други органи, како и здравјето на кардиоваскуларниот систем.
Кога станува збор за кожата, колагенот е состојката што ѝ ги дава јачината и еластичноста.
Како што старееме, нивото на колаген во нашето тело опаѓа, а некои експерти веруваат дека ова е поврзано со стареењето на кожата и појавата на брчки.
Токму поради ова, многу популарни стануваат кремовите, серумите, но и додатоците во исхраната со колаген.
Дали кремовите и серумите со колаген се ефикасни?
Колагенот најпрво почна да се појавува на пазарот како состојка во серуми и кремови.
Се верува дека овие продукти ѝ ја враќаат еластичноста на кожата и го забавуваат процесот на стареење бидејќи ја потхрануваат со колаген.
Сепак, некои експерти се сомневаат за ефикасноста на овие продукти од едноставна причина – колагенот не се наоѓа на површината на кожата, туку во подлабоките слоеви.
А, кремовите и серумите не можат да продрат толку длабоко.
Од друга страна, некои истражувања покажале дека серумите со хијалуронска киселина можат да го поттикнат производството на колаген.
Генерално, потребни се дополнителни истражувања, но бидејќи кремови и серумите со колаген сепак можат да ја хидрираат кожата, ако забележите дека кај вас имаат позитивен ефект, препорачливо е да продолжите да ги користите.