Женски водич: Што е колаген и дали треба да користите серуми и суплементи?

Дали суплементите со колаген се ефикасни?

Денес постојат и суплементи со колаген – можат да се купат како апчиња или прашок, а постои и храна збогатена со колаген.

Според истражувањата, овие суплементи може да бидат поефикасни од кремовите и серумите.

Важно е да се напомене дека истражувањата за суплементи со колаген обично се фокусираат на здравствените придобивки, како здравјето на зглобовите и здравствената состојба на кожата.

Бидејќи станува збор за релативно нов тренд, потребни се дополнителни истражувања за тоа дали суплементите ја намалуваат појавата на брчки.

Ако забележувате дека кај вас суплементите имаат позитивен ефект, слободно продолжете да ги земате.

Досегашните истражувања не покажале дека суплементите со колаген имаат несакани ефекти, но сепак е добро да се консултирате со лекар пред да ги вметнете во исхраната, особено ако примате некаква терапија.

Доколку сте веган или вегетаријанец, важно е да знаете дека суплементите со колаген се од животинско потекло.

shto-e-kolagen-i-dali-treba-da-koristite-serumi-i-suplementi-04.jpg

Што го намалува нивото на колаген во организмот?

Намаленото ниво на колаген во организмот може да предизвика симптоми како сува кожа, болки во зглобовите, слабост во мускулите и слично.

Покрај возраста, постојат фактори кои можат да го намалат нивото на колаген, вклучувајќи:

  • Хормонални промени поради бременост, менопауза, здравствени проблеми и слично
  • Оксидативен стрес кој може да биде резултат на лоши животни навики, како пушење и лоша исхрана
  • Преголема изложеност на сонце
  • Ниско ниво на витамин Ц во организмот

shto-e-kolagen-i-dali-treba-da-koristite-serumi-i-suplementi-05.jpg

Како да го одржувате оптималното ниво на колаген?

Покрај здравата исхрана, постојат некои мали животни промени кои ќе ви помогнат да го одржувате нивото на колаген во организмот, а со тоа да ги чувствувате и придобивките од него:

  • Носете крем со заштитен фактор секогаш кога излегувате на сонце
  • Спијте доволно
  • Избегнувајте пушење и престој во просторија со чад од цигари
  • Контролирајте го стресот – високото ниво на кортизол може да го намали производството на колаген во организмот
  • Вежбајте – не е познато како точно помага, но истражувањата покажале дека вежбањето може да го забави стареењето на кожата

shto-e-kolagen-i-dali-treba-da-koristite-serumi-i-suplementi-06.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Колкаво количество продукти за убавина треба да користите, според експерти Кога нанесувате крем со фактор, важно е да го прекриете цело лице, а за ова ќе в...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
8 навики поради кои изгледате (многу) постаро отколку што сте Ако претерувате со пилинзи, ќе ја оштетите кожата и ќе изгледате постаро. Кои др...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg