Трик со вазелин за природно долги и густи трепки – нов хит за шминкање (видео)

На трепките се нанесува поголема количина вазелин и се виткаат со виткач за очи. Дали овој трик навистина делува и што треба да знаете пред да почнете да го користите?

nov-hit-za-shminka-so-priroden-izgled-maskarata-se-zamenuva-so-vazelin-video-01.jpg

Сите што користат шминка знаат колку е тешко да се најде добра маскара, што не прави грутки, не се суши и не се распаѓа на лицето, а се чини дека токму таа им претставува и најголем проблем на сите оние што сакаат да постигнат природен изглед во шминкањето.

nov-hit-za-shminka-so-priroden-izgled-maskarata-se-zamenuva-so-vazelin-video-02.jpg

На ТикТок масовно се споделува трикот за замена на маскарата со вазелин. Вазелинот може да се купи во сите аптеки по релативно ниска цена, а според искуствата на некои од жените што го пробале овој трик, ефектот е воочлив.

nov-hit-za-shminka-so-priroden-izgled-maskarata-se-zamenuva-so-vazelin-video-03.jpg

Постапката е едноставна:

Со чисти раце се нанесува поголемо количество вазелин на трепките и потоа истите се виткаат со виткач за трепки, којшто се задржува околу 10-тина секунди.

„Ако не користите вазелин за да ги извиткакте трепките тогаш не знаете што пропуштате“ – вели една корисничка на ТикТок, чиешто видео досега е прегледано над 3,9 милиони пати.

@brighattas #lashhack ♬ good 4 u - Olivia Rodrigo

Друга корисничка пак, направи видео во кое покажува како изгледаат трепките и по неколку часа носење вазелин на нив, и како единствен недостаток го напоменува тоа што капаците на очите ѝ се мошне мрсни, па како што вели, со овој трик дефинитивно нема намера да користи сенки за очи.

@beauty.with.cait #stitch with @wearsbri vaseline to curl eyelashes??? does it pass the all day wear test?? #beautyhacks #makeuphacks #eyelash #vaseline ♬ good 4 u - Olivia Rodrigo

Секако, овој трик може да го користите кога сакате да постигнете природно долги трепки без шминка, не и кога сакате да се нашминкате за некој настан. 

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Шминкерски трик за суптилен изглед на руменилото е хит на социјалните мрежи – Знаете ли што е „Dewy ... Овој трик ќе ви помогне да блескате однатре, според светски познатата шминкерка ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg