Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да ја намалите видливоста на црвените точки на нозете по депилација и бричење?

Направете пилинг на кожата пред да ги отстраните влакната, а по депилација или бричење, ставете облога со мраз.

kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-crvenite-tochki-po-depilacija-i-brichenje-01.jpg

Без разлика дали ги отстранувате влакната на нозете со бричење или депилација, сигурно досега ви се имаат појавено мали црвени точки.

Црвените точки по бричењето се мала иритација на кожата предизвикана од влакненцата кои се веднаш под површината.

По депилација, пак, црвените точки се мало воспаление кое настанува поради целосното отстранување на влакната, вклучувајќи ги и нивните корени.

Иако не можете целосно да ја избегнете појавата на овие црвени точки, постојат трикови кои ќе ви помогнат да ја намалите нивната видливост.

Погледнете како:

Редовно нанесувајте лосион за тело

Црвените точки ќе бидат многу поизразени на сува кожа.

Затоа важно е редовно да нанесувате хидратантен лосион секојдневно, но избегнувајте го на денот на депилацијата. 

kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-crvenite-tochki-po-depilacija-i-brichenje-02.jpg

Движете го бричот во насоката на растење на влакната

Бричењето во спротивната насока од растењето на влакната може полесно да ја иритира кожата, а со тоа црвените точки да бидат повидливи.

На овој начин ќе го намалите и ризикот од појава на поткожни влакна.

kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-crvenite-tochki-po-depilacija-i-brichenje-03.jpg

Направете облога со мраз

Мразот може да ја „смири“ иритираната кожа и да ја намали видливоста на црвените точки по бричење или депилација.

Само, немојте да ставате мраз директно на кожата бидејќи можете да ја оштетите.

Ставете неколку коцки во чиста крпа и со неа поминувајте по кожата.

kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-crvenite-tochki-po-depilacija-i-brichenje-04.jpg

Направете пилинг на кожата

Пред бричење или депилација, направете пилинг на кожата за да ги отстраните мртвите клетки и нечистотиите од неа.

Само бидете внимателни – користете нежен пилинг и немојте премногу да ја триете кожата за да не ја влошите иритацијата.

kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-crvenite-tochki-po-depilacija-i-brichenje-05.jpg

Исчеткајте ја кожата

Има многу придобивки од сувото четкање на кожата. Покрај тоа што прави пилинг, може да ја подобри циркулацијата на крвта и да ја подобри состојбата на кожата.

За суво четкање ќе ви треба поголема четка за тело со помеки влакна кои нема да ви направат гребаници.

kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-crvenite-tochki-po-depilacija-i-brichenje-06.jpg

Направете маска со сода бикарбона

Сода бикарбоната може да ја намали иритацијата на кожата, а со тоа и видливоста на црвените точки.

За да направите маска, измешајте половина шолја овес, три лажици сода бикарбона и две лажици мед. Додајте и една лажица лосион за тело и добро измешајте.

Нанесете ја смесата на нозете и оставете да делува 15-тина минути, па добро исплакнете со студена вода. На крај ставете лосион.

Можете да ја користите оваа маска двапати неделно.

kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-crvenite-tochki-po-depilacija-i-brichenje-07.jpg

Дајте ѝ предност на депилацијата

Црвените точки од депилацијата се повлекуваат по само два-три дена, а кај некои дури и истиот ден.

Од друга страна, црвените точки од бричењето можат да се познаваат подолго. Притоа, за мазна кожа ќе треба да се бричите речиси секој ден, што значи постојано ќе ви се создаваат црвени точки.

Па, кога можете, давајте ѝ предност на депилацијата.

kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-crvenite-tochki-po-depilacija-i-brichenje-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Практични совети за нега на нозе и стапала во зима (за мазна и мека кожа) Немојте да користите камен за пети на сува кожа и редовно ставајте лосион на ноз...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
8 грешки во шминкањето поради кои изгледате постаро Не нанесувате прајмер пред пудрата и користите сенка со светки која ги истакнува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg