Полесно расчешлување и уште 5 причини зошто Индијките спијат со коса собрана во плетенка

Нема да се кине во текот на ноќта, полесно ќе ја расчешлувате, а наутро доволно е да ја пуштите за да имате брановидна фризура со локни – има многу предности од спиењето со плетенка.

polesno-rascheshluvanje-i-ushte-5-prichini-zoshto-indijkite-spijat-so-kosa-sobrana-vo-pletenka--01.jpg

Сите сонуваме за густа и сјајна коса која е препознатлива за жените од Индија. Иако во голема мера за нивната прекрасна коса се должни гените, Индијките знаат и како да се грижат за неа, а голем дел од триковите што ги користат се пренесувани со генерации и ги научиле од нивните мајки и баби.

Можеби сте забележале дека доста често Индијките ја носат долгата коса собрана во плетенка, а наводно многу од нив и спијат со плетенка.

Кои се придобивките од ова?

Ја намалува појавата на испукани врвови

Испуканите врвови се најголемиот непријател на долгата коса бидејќи нема како да ги отстраните освен да ги пресечете.

Покрај користењето фен, пегла, фарби и разни средства, испуканите врвови можат да се појават и за време на спиење.

Додека спиете и ја движите главата на перницата, помеѓу неа и косата се создава триење, па косата се кине. Но, ако ја соберете во плетенка, ова триење ќе се намали, а со тоа и појавата на испукани врвови.

polesno-rascheshluvanje-i-ushte-5-prichini-zoshto-indijkite-spijat-so-kosa-sobrana-vo-pletenka-02.jpg

Косата ќе изгледа посјајно

Ако немате никаков сјај на косата, тогаш најверојатно ви е многу сува. Но, можете да ја задржите влажноста на косата, односно природните масла што ѝ го даваат сјајот, ако спиете со плетенка.

Наместо маслата да завршат на вашата перница, плетенката ќе ги задржи на косата, па следното утро вашата коса ќе изгледа посјајна.

polesno-rascheshluvanje-i-ushte-5-prichini-zoshto-indijkite-spijat-so-kosa-sobrana-vo-pletenka-03.jpg

Полесно ќе ја расчешлате

Од триењето што го спомнавме претходно, косата лесно се заплеткува, а кога ја отплеткувате секојпат кинете по некое влакно.

Косата собрана во плетенка нема да се заплетка во текот на ноќта и наутро чешлањето ќе биде многу полесно.

polesno-rascheshluvanje-i-ushte-5-prichini-zoshto-indijkite-spijat-so-kosa-sobrana-vo-pletenka-04.jpg

Го намалува електрицитетот

Природните масла што ја прават косата повлажна и посјајна можат да го намалат и електрицитетот.

polesno-rascheshluvanje-i-ushte-5-prichini-zoshto-indijkite-spijat-so-kosa-sobrana-vo-pletenka-05.jpg

Косата ќе расте побрзо

Бидејќи нема да се кине, а и поретко ќе треба да ја скратувате, многу побрзо ќе ја добиете посакуваната должина на косата ако ја собирате во плетенка кога спиете.

polesno-rascheshluvanje-i-ushte-5-prichini-zoshto-indijkite-spijat-so-kosa-sobrana-vo-pletenka-06.jpg

Ќе ви заштеди време наутро

Кога ќе се разбудите, доволно е само да ја пуштите плетенката за да имате брановидна фризура со волумен.

polesno-rascheshluvanje-i-ushte-5-prichini-zoshto-indijkite-spijat-so-kosa-sobrana-vo-pletenka-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg