10 парфеми кои мирисаат на божиќни колачиња
Мирисот на божиќни колачиња е еден од поомилените кои би сакале да трае во текот на целата година. А, со овие парфеми тоа е возможно.
Прекрасни, топли и слатки ароми, мирис на цимет, ванила, рум и ѓумбир се карактеристични за следниве 10 парфеми:
1. L'Occitane „Terre de Lumiere" – типичен мирис на Прованса, гурманско ароматично доживување на база на лаванда и мед.
2. Dsquared2 „Want Pink Ginger" - ориентален цветен мирис, мешавина од ѓумбир, мандарина и лимон, на база на ванила и дрвена нота.
3. YSL Beauté „Black Opium Pure Illusion" – слатка арома на црно кафе, во комбинација со кремаст бел мошус.
4. Jo Malone London „Ginger Biscuit" – буквално мириса на штотуку испечени колачиња со цимет, мускатно оревче и ѓубмир, натопени во карамела.
5. Dolce&Gabanna „The Only One" – цвет на љубичица во контраст со арома на кафе.
6. Tom Ford „Vanille Fatale" – мешавина од шафран и коријандер, пропратена со кафе и ванила.
7. Prada „Prada Candy" – ориентален мирис со мошус на почетокот, додека основата е карамела.
8. Thierry Mugler „Angel" – револуционерен мирис на чоколадна база со пачули и арома на шеќерна волна.
9. Lancôme „La Nuit Tresor" – ориентална ванила со мандарина крушка, маракуја, јагода, ванила...
10. Christian Dior „Poison Girl Unexpected" – голема доза на ѓумбир помешана со портокал.
М. Д. | Црнобело