Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Практичен водич за најупотребуваните серуми за лице – што да одберете за вашата кожа?

Постојат серуми за лице со безброј состојки, па може да биде навистина тешко да одберете што е најдобро за вас. Ако сте во ваква ситуација, овој водич сигурно ќе ви биде од помош, а секогаш е добро и да се консултирате со експерт.

prakticen-vodic-za-najupotrebuvanite-serumi-za-lice-sto-da-odberete-za-vashata-koza-01.jpg

Рутината за нега на кожа целосно се смени со масовната појава на серумите за лице. Тие во голема мера ја олеснија грижата за кожата.

Малите стаклени шишенца со пипета и скапоцената течност внатре очигледно добро си ја оправдуваат намената.

Но, пазарот е преплавен со серуми за лице.

Како да го одбереме најсоодветниот за нашиот тип кожа и според намената за што ви е потребен?

Што претставува серумот за лице?

Серумот е производ за нега на кожа кој е формулиран за лесно апсорбирање и содржи концентрирани состојки кои продираат длабоко во кожата за максимални резултати. 

Ова ја објаснува понекогаш повисоката цена на овој тип производи за нега на кожа.

Од друга страна, важно е да се напомене дека станува збор за поголема концентрација на производот, па потребна е сосема мала количина за постигнување резултати.

prakticen-vodic-za-najupotrebuvanite-serumi-za-lice-sto-da-odberete-za-vashata-koza-02.jpg

Серуми vs. хидратантни кремови - која е разликата?

Конфузијата за овој тип производи се јавува кога одите во делот за нега на кожа и се среќавате со 100 производи обележани како „серуми“ со различни текстури, состојки и намени.

Традиционално, производите базирани на масло се за негување на кожата и, како такви, се категоризираат како продукти за хидратација.

Серумот, од друга страна, треба да биде чекор пред продуктот за хидратација - лесно се апсорбира во кожата, па врз него се става хидратантен крем.

prakticen-vodic-za-najupotrebuvanite-serumi-za-lice-sto-da-odberete-za-vashata-koza-03.jpg

Кои се придобивките од серумите?

Овие моќни производи имаат различни придобивки, во зависност од состојките.

Серумот на лице може да биде еквивалентен на додавање протеински шејк, свеж сок или мултивитамин во вашата дневна исхрана.

Слично на ефектот на овие работи врз организмот, серумот ги зголемува здравјето и сјајот на кожата.

prakticen-vodic-za-najupotrebuvanite-serumi-za-lice-sto-da-odberete-za-vashata-koza-04.jpg

Серуми за ексфолијација

Овие серуми вклучуваат ензими или киселини (AHA/BHA) кои имаат влијание врз врските помеѓу клетките на кожата, ги обновуваат клетките, создаваат помазна текстура на кожата и даваат младешки сјај.

Сепак, бидете внимателни - овие серуми се одликуваат со различна јачина и некои од нив можат да бидат иритирачки за кожата.

Сите овие видови на серуми треба полека да се инкорпорираат во вашата рутина за нега на кожата.  За најбезбедна употреба, прво тестирајте ги на мал дел од кожата пред да ги употребите на целото лице или побарајте совет од професионалец.

Состојки кои треба да ги барате во серумите за ексфолијација:

  • Гликолна киселина (Glycolic Acid)
  • Млечна киселина (Lactic Acid
  • Цитрусна киселина (Citric Acid)
  • Салицилна киселина (Salicylic Acid

prakticen-vodic-za-najupotrebuvanite-serumi-za-lice-sto-da-odberete-za-vashata-koza-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
8 митови за убавина со кои ѝ штетите на кожата (и непотребно трошите пари) Само затоа што некој продукт е многу скап, не значи дека ќе биде погоден за вас....
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg