Зошто лубеницата треба да стане дел од негата на вашата кожа?
Лубеницата може да биде многу повеќе од освежувачка ужина. Сите делови од овошјето, вклучувајќи ги и кората и семките, можат да бидат одлични за вашата кожа.
Погледнете зошто:
Кората ја смирува кожата
Знаевте ли дека во Кореја редовно ја користат лубеницата за изгореници, осипи или иритација?
Во овој случај, можете да си направите еден вид маска, така што во блендер ќе измешате кора од лубеница, банана и авокадо.
Семките се добри против иритации и го поттикнуваат лачењето на колаген
Семките на лубеницата содржат протеини, а имаат и масни киселини и други состојки што ѝ годат на кожата.
Можете да си направите пилинг од нив – исчистете ги и сомелете ги семките, а потоа превријте ги во малку вода. На крај, нежно масирајте ги проблематичните места со смесата, па исплакнете.
Лубеницата е полна со витамини
Ако на вашето лице гледате штета од УВ зраците, темни дамки и слично, лубеницата може да ви помогне. Ова овошје е полно со витамини А и Ц кои ѝ годат на оштетената кожа. Витаминот Е, пак, може да ви помогне да се справите и со хиперпигментацијата.
Лубеницата е добра за сите типови кожа
Бидејќи ова овошје не е многу кисело и воглавно содржи шеќер, речиси и да нема ризик кога го користите.
Без разлика дали имате сува, мрсна или кожа склона кон акни, лубеницата сигурно ќе ви годи.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





