9 тајни кои жените со беспрекорна кожа никогаш нема да ви ги кажат
Младата и негувана кожа не е дар на природата. Таа се стекнува со соодветни рутини и строги правила.
Со цел и вие да ја подобрите состојбата на кожата и да биде барем малку поздрава и посјајна од вообичаено, ви ги споделуваме тајните на жените со беспрекорна кожа:
1. Користете го 4-2-4 методот
Тоа подразбира 4 минути нанесување хидрофилно масло на лицето, потоа 2 минути нанесување крема за чистење. Следуваат уште 4 минути плакнење на кожата со вода.
2. Користете коњак сунѓер
Коњак сунѓерот се прави од посебна билка, а пред да го исчистите лицето со него, треба да го потопите во вода за да омекне. Масирајте и чистете го лицето со нежни кружни движења.
3. Еднаш неделно правете темелни третмани за чистење
Најчесто овие третмани треба да вклучуваат серуми, емулзии и есенцијални масла. Во Азија на пример, жените користат во просек по 17 препарати за нега на лицето.
4. Заштитете го лицето од ултравиолетови зраци во текот на целата година
Кремите за лице треба да содржат SPF фактор, без оглед на тоа дали е лето или зима.
5. Користете оризова вода за поубава кожа
Редовно мијте го лицето со оризова вода, наместо со тоник. Тука погледнете како може да ја направите.
6. Додадете масло од ментол и зелен чај во козметиката
Ментолот и зелениот чај се одлични за секојдневна нега на кожата. Додадете неколку капки масло во сите креми и лосиони.
7. Претворете ги козметичките производи во пена пред да ги нанесете
Избегнувајте да ги нанесувате производите директно на кожата во облик на гел или лосион. Доколку се пенливи, прво направете пена од нив со помош на сунѓери и луфи, па потоа нанесете. Вака кожата полесно ги прима и впива.
8. Направете маска за еднаков тен
Измешајте 1 лажичка шеќер и 1 лажичка сандалово дрво во прав. Потоа смесата ставете ја на половина пресечен домат и тријте ја кожата 5-10 минути. Исплакнете со млака вода.
9. Користете многу масла
Кокосово масло, масло од авокадо или маслиново – вашето тело ќе ви биде благодарно. Кокосовото масло одлично ја храни кожата, додека маслиновото дава фантастичен тен.
М. Д. | Црнобело