По ова веќе никогаш нема да ја фрлате водата во која се варел оризот
Повеќе енергија, поздрава кожа и сјајна коса се само некои од благодетите кои ќе ви ги овозможи овој стар кинески рецепт кој станува сè попопуларен во модерната западна цивилизација.
Здравото тело и убавата кожа ќе ги добиете само со две евтини состојки: вода и ориз.
Подготовка:
Можеби и порано сте слушнале за тоа дека водата со која сте го измиле оризот е оризова вода, но тоа не е точно.
Може да ја користите и таа вода, но нема да ги добиете истите ефекти бидејќи оризовата вода се добива од варењето на оризот.
Се препорачува да ставите повеќе вода во едно тенџере од онаа која е потребна кога оризот го подготвувате за ручек.
Водата во која оризот испуштил дел од своите корисни својства е онаа која ви е потребна.
Можете да ја пиете топла или да ја оставите да се излади, па потоа да го измиете лицето или косата.
Здравствени предности:
- Дава енергија
- Успешно спречува гастроентеритис
- Одлична превенција од рак
- Ја регулира телесната температура
- Го спречува и лечи запекот
Козметички предности:
- Ако го миете лицето со водата во која се варел оризот, кожата ќе ви биде помека
- Одлична замена за тоникот
- Помага кај затворените пори на лицето
- Ако ја измиете косата со водата од оризот, ќе добие сјај и ќе биде поздрава.