Совети од 9 славни мајки: Како да ослабете брзо по бременоста?
Познатите актерки, пејачки и модели секојдневно блескаат пред камерите и ја воодушевуваат публиката со својата убавина.
Но, кога ќе дојде долгоочекуваниот период на бременост и мајчинство, убавината малку потешко се одржува, ама сепак, им успева.
Како?
1. Кетрин Зита-Џонс
За време на бременоста, оскаровката има накачено 19 килограми кои ги изгубила со брзи диети кои се базираат на јадење нискокалорична храна, а вечерата главно ѝ се состоела од супи од зеленчук.
2. Салма Хајек
За време на бременоста, накачила 10 килограми, а после неа, благодарение на Медитеранската диета брзо се ослободила од вишокот килограми.
3. Џенифер Лопез
После бременоста, Џенифер Лопез се борела со 22 килограми заради кои била на режим од нискокалорична протеинска храна со максимум 1.400 калории на ден.
4. Ејми Адамс
Ова е една од ретките актерки кои сметале дека нема потреба брзо да ги губи килограмите, а по бременоста започнала да танцува на шипка.
5. Адријана Лима
За време на бременоста накачила 15 килограми кои потоа ги изгубила со пиење на 2.000 до 2.500 ml вода секојдневно и скокање на јаже.
6. Кејт Винслет
Ѕвездата на „Титаник“ накачила повеќе од 20 килограми за време на бременоста кои ги изгубила со специјална програма за детоксикација базирана на вода, хербални чаеви и зеленчук.
7. Зои Салдана
Слабата Зои, за време на бременоста тежела 83 килограми, но по истата не држела диети, туку се држела до трите важни компоненти на вежбањето: танцување, боксување и пилатес.
8. Бијонсе
Славната пејачка после бременоста се држела до почесто консумирање на ананас - добро познат согорувач на калории.
9. Џесика Алба
Нејзината тајна била „3 + 2 + 1“: три полни оброци, 2 ужинки и 1 литар вода. Актерката исто така тврди дека секогаш е добро да изедете само половина од тоа што сте го нарачале во ресторан.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111928_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108603_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_106777_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114161_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108177_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111302_400.jpg)