Трикови со кои ќе потрошите минимум време за шминкање, а ќе изгледате свежо
Сакате да се наспиете, а сепак да имате доволно време да се дотерате и да изгледате свежо - звучи совршено, но и тешко изводливо, ако ги немате вистинските трикови.
Сепак, работите се едноставни - рутината треба само да ја скратите. Во тоа ќе ви користат следниве совети и трикови:
1. Наместо да нанесувате пудра на цело лице, користете коректор ја за да го покриете црвенилото и акните.
2. Нанесувајте камена или бела пудра со сунѓерче наместо со четка. Така ќе ги избегнете видливите траги и грешки додека сте уште поспани.
3. Ставете руменило на образите и очните капаци за да добиете свежина. Бирајте тонови блиски до вашиот тен на лицето, односно избегнете ги контрастните земјени бронзери.
4. Ако користите сенка, претходно нанесете мрсна подлога наместо само пудра. Поточно, прво нанесете моливче во боја на кожата, па врз него со четка ставете сенка.
5. Инстантно освежете го тенот со тоа што ќе нанесете хајлајтер околу слепоочниците.
6. За темните кругови околу очите нанесувајте коректор во боја на праска, па потоа со боја на кожата. И задолжително нанесувајте го во форма на триаголник.
7. Не заборавајте да ги извиткате трепките за визуелно да ги отворите очите.
8. За да откриете каде точно треба да нанесете коректор, не се гледајте право во огледалото, туку под агол како на сликата.
9. Сјајниот кармин претворете го во матиран со еден слој пудра во прав.
10. Расонете ги очите со тоа што ќе исцртате линија со моливче во месо боја на долната линија на капакот.
Д. М. | Црнобело